Свет

Ќе разговараме за безбедносната архитектура за Украина и ЕУ – порача Зеленски

Сигналот во врска со безбедносните гаранции е важен. Многу е важно што сме заедно со САД и Европа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека денеска во Вашингтон, за време на заедничкиот состанок на лидерите на САД, Украина, други европски земји, ЕУ и НАТО, ќе се дискутира за идната безбедносна архитектура на Украина и Европа.

Тоа беше објавено на веб-страницата на претседателот на Украина по средбата на Зеленски со специјалниот претставник на САД за Украина и Русија, Кит Келог. Украински медиуми јавија дека преговорите меѓу претседателот на Украина, со учество на други европски лидери, и претседателот на САД Доналд Трамп, што ќе се одржат денеска во Вашингтон, станаа клучна тема на средбата на Зеленски со Келог.

„Пред се, благодарни сме на претседателот Трамп за оваа покана и форматот што ќе го имаме. Сигналот во врска со безбедносните гаранции е важен. Многу е важно што сме заедно со САД и Европа“, истакна Зеленски.

Најнови вести од: Свет

САД и Израел го нападнаа Иранскиот Курдистан. Повеќе од 100 убиени, 969 ранети

Курдите се домородно етничко малцинство од месопотамскиот регион, распространето главно низ југоисточна Турција, североисточна Сирија, полуавтономниот курдски регион во северен Ирак, северозападен Иран и југозападна Ерменија. Тие имаат свој јазик и култура, но немаат држава

Ирански камиказе дронови запалија големо пристаниште за нафта во Емиратите (ВИДЕО)

Нападот доаѓа откако Иранската револуционерна гарда соопшти дека американските интереси во Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи пристаништа, докови и воени објекти, станале легитимни цели

To top