Свет

Кос: Во јули преговори за пристап со Молдавија и Украина во ЕУ

Голем чекор, прв таков чекор откако двете земји добија статус на кандидати за ЕУ, изјави комесарката за проширување

 

Европската унија е подготвена да започне преговори за пристап со Украина и Молдавија во јули за сите прашања.

Ова го изјави европската комесарка за проширување, Марта Кос.

Таа нагласи дека ова е голем чекор, прв таков чекор откако двете земји добија статус на кандидати за ЕУ.

Според неа, не е исклучено преговорите за пристап со Црна Гора да завршат до крајот на 2026 година.

Кос верува дека во проширувањето на ЕУ во последните месеци е постигнато повеќе отколку во последните 15 години.

Според неа, речиси 74% од населението на Босна и Херцеговина сака да стане дел од ЕУ.

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, истакна дека министерот за надворешни работи на Ерменија е поканет на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на блокот.

Најнови вести од: Свет

To top