Свет

Крадци од филијала на „Шпаркасе“ однеле десетици милиони евра

Криминалци изминатиот викенд провалиле во трезорот преку соседна зграда и обиле 3.200 сефови на клиенти

 

 

Криминалци ограбиле филијала на Шпаркасе во Гилзенкирхен, Германија, крадејќи готовина и вредни предмети во вредност од десетици милиони евра за време на долгиот божиќен викенд.

Крадците влегле во банката од соседна зграда со дупчење дупка во ѕидот на трезорот. Околу 3.200 сефови биле провалени, при што биле погодени приближно 2.700 клиенти.

Точната украдена сума сè уште не е позната. Банките генерално не знаат што се чува во сефовите, кои често содржат готовина, злато и накит.

Портпаролот на полицијата, Томас Новачик, изјави за АП дека загубите би можеле да бидат помеѓу 10 и 90 милиони евра. Дојче веле објави дека вредни предмети во вредност од приближно 30 милиони евра биле украдени од банката.

Првичните извештаи сугерираат дека крадците добиле пристап до банката преку соседниот подземен паркинг.

Истражителите се сомневаат дека бандата го поминала поголемиот дел од викендот внатре, провалувајќи во сефови. Провалата станала позната откако бил активиран противпожарен аларм во раните утрински часови во понеделник, а службите за итни случаи ја откриле дупката. Сведоците рекле дека виделе неколку мажи како носат големи торби на скалите од паркингот преку ноќ.

Снимките од безбедносните камери, исто така, покажале црн Audi RS 6 како го напушта паркингот рано наутро во понеделник со маскирани лица внатре.

Регистарската табличка на автомобилот била украдена претходно во градот Хановер, соопшти полицијата.

Полициски службеник изјавил за AFP дека провалата била „навистина многу професионално извршена“, како во стил на „Ееинаесеттемина на Оушн“. „Веројатно биле потребни многу информации однапред и/или многу криминална енергија за да се испланира и спроведе ова“, рече тој.

Стотици засегнати клиенти се собрале пред филијалата на банката во вторник барајќи информации, но биле запрени од полицијата.

Шпаркасе изјави дека 95% од сефовите на клиентите биле отворени од крадците, па веројатноста дека биле засегнати е „многу голема“. Компанијата додаде дека содржината на секој оддел е осигурана до 10.300 евра и им советуваше на клиентите да проверат дали имаат дополнително покритие преку осигурувањето за домот.

Сепак, многу клиенти пријавија дека содржината на нивните сефови далеку ја надминува таа сума.

Најнови вести од: Свет

Никола Саркози ќе ја отслужи шестмесечната затворска казна по одлука на судот

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе мора да ја отслужи шестмесечната затворска казна откако Кривичниот суд одби да ја спои со казната што ја доби во случајот со прислушување, познат како „Бизмут“. Саркози бараше двете казни да бидат обединети за да не мора дополнително да ја издржува втората, со оглед на тоа што веќе ја отслужил првата. Сепак, судот ја одби оваа можност, со што шестмесечната казна останува на сила.

To top