Свет

Кремљ: Атентат врз Хамнеи „би ја отворил Пандорината кутија“

Промената на режимот во Иран е „неприфатлива“ изјави во ретко интервју за странски медиум, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој за Скај њуз изјави дека Русија би реагирала „многу негативно“ доколку ајатолахот Али Хамнеи биде убиен. Коментарите доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека во рок од две недели ќе одлучи дали САД ќе […]

Промената на режимот во Иран е „неприфатлива“ изјави во ретко интервју за странски медиум, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој за Скај њуз изјави дека Русија би реагирала „многу негативно“ доколку ајатолахот Али Хамнеи биде убиен.

Коментарите доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека во рок од две недели ќе одлучи дали САД ќе се приклучат на израелската воена кампања против Техеран, откако претходно шпекулираше на социјалните мрежи за можноста за атентат врз иранскиот лидер.

Песков предупредил дка проширувањето на учесниците во конфликтот е потенцијално уште поопасно. „Тоа би довело само до нова рунда конфронтација и ескалација на тензиите во регионот“.

Владимир Путин досега понуди да посредува во прекинувањето на конфликтот, но без успех.

Претседателот Трамп во среда изјави дека му рекол на рускиот претседател да „посредува во сопствениот конфликт“, осврнувајќи се на војната на Русија во Украина.

Песков негираше дека зборовите на Трамп биле навредливи.

„Секој има свој јазик. Претседателот Трамп има свој уникатен начин на изразување и свој уникатен јазик. Ние сме доста толерантни и очекуваме и другите да бидат толерантни кон нас“, рече тој.

Израелски министер се закани дека „ќе го убие Хамнеи“

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top