Свет

Кремљ го испраќа Дмитриев во Вашингтон: Разговори по Трамповите санкции против Роснефт и Лукоил

По ненадејната промена во ставот на претседателот Доналд Трамп оваа недела

По ненадејната промена во ставот на претседателот Доналд Трамп оваа недела, што вклучуваше воведување строги санкции против руските нафтени гиганти „Роснефт“ и „Лукоил“, како и откажување на планираниот самит со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта, Кремљ итно го испрати врниот преговарач за војната во Украина во Вашингтон. Кирил Дмитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции (РФДИ) и специјален претставник на Кремљ, пристигна во САД во петокот, 24 октомври 2025 година, за официјални разговори, објави Си-Ен-Ен повикувајќи се на извори запознаени со посетата.

Дмитриев, кој во минатото негуваше тесни врски со Трамп за време на неговиот прв мандат и неодамна предложи изградба на амбициозен тунел „Трамп-Путин“ помеѓу Аљаска и рускиот Далечен Исток, се очекува да се сретне со претставници на администрацијата на Трамп – вклучително и со емисариот Стив Виткоф – за да ги продолжи дискусиите за билатералните односи меѓу САД и Русија. Оваа посета доаѓа во време на зголемено разочарување во Вашингтон поради одбивањето на Москва да ја прекине војната во Украина, а санкциите беа воведени на 22 октомври со цел да се притисне Кремљ за итно примирие.

Путин ги минимизира санкциите, тврдејќи дека ќе имаат минимално влијание врз руската економија и дека претставуваат обид за притисок. „Ниту една земја што се почитува себеси никогаш не прави ништо под притисок“, изјави тој во четврток, додавајќи дека во разговор со Трамп го предупредил за потенцијалното зголемување на глобалните цени на нафтата, вклучително и во САД. Санкциите предизвикаа реакции низ светот, вклучително и привремено прекинување на куповината на руска нафта од страна на кинески државни компании.

Дмитриев, роден во Украина во советско време, образован на Харвард и Стенфорд, и поранешен вработен во „Мекинзи“ и Голдман Сакс, беше санкциониран од САД во 2022 година како „близок соработник на Путин“. За оваа посета, Вашингтон привремено ги укина санкциите против него за да му издаде виза, слично на априлската посета кога тој стана првиот руски функционер во Вашингтон по инвазијата врз Украина. Оваа втора посета по инвазијата се смета за потенцијален обид за „ресетирање“ на односите, и покрај тензиите.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top