Свет

Кремљ сака војната да заврши, но мировниот процес е „заглавен“

Песков го повтори ставот дека војната би можела да заврши откако Русија ќе ги постигне своите цели и дека би претпочитала да го стори тоа преку политички и дипломатски средства

 

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговараше на забелешките од петокот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој на средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот петок рече: „Мислам дека се согласуваме дека војната ќе заврши во не толку далечна иднина“.

Песков, на брифингот за новинарите, го повтори ставот на Кремљ дека војната би можела да заврши откако Русија ќе ги постигне своите цели и дека би претпочитала да го стори тоа со политички и дипломатски средства, јави Ројтерс

„Но, во моментов има пауза, ситуацијата е во застој. Таа е во застој без наша вина“, забележа тој, обвинувајќи ја Украина.

Украина и нејзините европски сојузници го отфрлаат обвинувањето на Москва дека ги блокира мировните напори.

Немало разговори лице в лице меѓу Русија и Украина од 23 јули.

Трамп се обиде да ги убеди рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски да се сретнат, но Кремљ рече дека таков самит може да се одржи само во Москва – услов што Зеленски го отфрли. Тој постојано повторуваше дека не верува оти Путин е сериозен во барањето мир.

Песков рече дека Киев не сака да го продолжи разговорот.

„Тие се поттикнуваат на секој начин од Европејците, кои веруваат дека Украина може да ја добие војната и да ги обезбеди своите интереси со воени средства“, рече тој.

Тој рече дека ова е длабока заблуда, со оглед на ситуацијата на фронтот.

Како што војната се приближува кон четвртата година, Русија држи околу 19% од украинската територија и силно се залага за освојување на градовите Покровск и Купјанск.

Најнови вести од: Свет

Нови проценки од „Голдман Сакс“ – Дали следува поевтина нафта?!

Според новите проценки, причините за намалување на прогнозата се поврзани со очекувањата за послаба економска активност во одредени региони, како и со стабилизирање на снабдувањето на пазарот. Дополнително, геополитичките фактори, како и одлуките на големите производители на нафта, продолжуваат да имаат силно влијание врз цените.

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

Најнови вести

To top