Свет

Ле Пен го повика новоименуваниот премиер Лекорни да „се откаже од макронизмот“

Лидерката на парламентарната група на десничарската партија Национален собир (РН), Марин Ле Пен, синоќа , во интервју за францускиот телевизиски канал TF1, го повика новоназначениот премиер Себастијан Лекорни да се откаже од политиките на „макронизмот“, тврдејќи дека актуелниот режим не ги задоволува потребите на францускиот народ.

instagram.com/marine_lepen

Лидерката на парламентарната група на десничарската партија Национален собир (РН), Марин Ле Пен, синоќа , во интервју за францускиот телевизиски канал TF1, го повика новоназначениот премиер Себастијан Лекорни да се откаже од политиките на „макронизмот“, тврдејќи дека актуелниот режим не ги задоволува потребите на францускиот народ.

– Го молам Себастијан Лекорни да престане со макронизмот… Не можеме бесконечно да владееме без народот или против него, изјави Ле Пен.

Таа го критикуваше претседателот Емануел Макрон, истакнувајќи дека тој има две опции за излез од тековната политичка криза: да го распушти парламентот или да поднесе оставка, во согласност со уставните можности на Петтата Република.

– Тоа значи враќање кај народот. Тоа е духот на Петтата Република. Не барам негова оставка. Само велам дека тој има два начина да излезе од кризата: или да го распушти Националното собрание или да поднесе оставка, рече таа.

Ле Пен ги отфрли обвинувањата дека нејзината партија предизвикува политичка нестабилност, тврдејќи дека Французите се уморни од „наметнатата стабилност“ што не ги одразува нивните желби.

– Французите сакаат правда и ефикасност. Не е нестабилноста она што ги загрижува Французите. Она што ги загрижува е стабилноста на политиките што повеќе не ги сакаат, а кои им се наметнати, додаде таа.

Овие изјави доаѓаат во услови на длабока политичка криза во Франција, по соборувањето на поранешниот премиер Франсоа Бајру на 8 септември поради контроверзните буџетски кратења и назначувањето на Лекорни за нов премиер на 9 септември, што дополнително ги разгоре протестите и незадоволството меѓу граѓаните.

Најнови вести од: Свет

Трамп со нова закана до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол

– Вторник ќе биде Ден на електраните и Ден на мостовите, сè заедно, во Иран. Нема да има ништо слично!!! Отворете ја прокелетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол – САМО ГЛЕДАЈТЕ! Слава му на Алах, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

To top