Свет

Макрон сака тој и ЕУ да бидат прашани за мирот во Украина

„Европејците исто така ќе бидат дел од решението, бидејќи нивната безбедност е во прашање“ вели францускиот претседател

Францускиот претседател Емануел Макрон разговараше со својот украински колега Володимир Зеленски и британскиот премиер Кир Стармер, повторувајќи ја својата поддршка за Киев и нагласувајќи дека иднината на земјата разурната од војна „не може да се одлучи без Украинците“, објави АФП.

Изјавата доаѓа во време на тензични релации меѓу Вашингтон и Москава за одржувањена средба Трамп-Путин за сериозно прекинување на воените дејства во Украина,

„Европејците исто така ќе бидат дел од решението, бидејќи нивната безбедност е во прашање. Ќе продолжам да ги координирам моите активности со претседателот Зеленски и нашите европски партнери“, напиша Макрон на социјалната меража X.

Порано вчера, Зеленски рече дека разговарал со Макрон и други европски лидери, заблагодарувајќи им се за нивната поддршка, во уште еден обид да ја обезбеди поддршката од своите сојузници откако беше објавено дека претседателите на Русија и САД ќе се сретнат во Алјаска за да разговараат за решение на украинскиот конфликт.

Најнови вести од: Свет

Иран: Ако Америка пак нападне, ќе удриме по Европа!

„Ако американски авиони полетаат од американска воена база – дури и ако таа се наоѓа во некоја европска земја или во некој друг оддалечен регион – за да го бомбардираат Иран, ние ќе ги гаѓаме и тие бази“, изјави иранскиот шеф за безбедност, Мохсен Резаи

To top