Свет

Меџити-Зеленски: Македонија стои на вистинската страна од историјата

Вицепремиерот Изет Меџити, на покана на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, престојува во Одеса, каде што се одржува самитот „Украина – Југоисточна Европа“. Во објава на социјалните мрежи Меџити напиша дека во овие тешки времиња за европскиот мир и безбедност, тие цврсто стојат покрај Украина. „Во овие тешки времиња за европскиот мир и безбедност, ние […]

Вицепремиерот Изет Меџити, на покана на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, престојува во Одеса, каде што се одржува самитот „Украина – Југоисточна Европа“.

Во објава на социјалните мрежи Меџити напиша дека во овие тешки времиња за европскиот мир и безбедност, тие цврсто стојат покрај Украина.

„Во овие тешки времиња за европскиот мир и безбедност, ние цврсто стоиме покрај Украина, која се бори за идеалите на слободата и демократијата.

Денес, на покана на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, сум во Одеса, каде што се организира самитот „Украина – Југоисточна Европа“, настан од извонредно значење за нашиот регион и целиот континент.

Овој самит е клучен момент за повторно потврдување на нашата непоколеблива поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и за продлабочување на нашето партнерство со земјите од Југоисточна Европа во предизвикувачко време за сите нас.

* Македонија стои на вистинската страна од историјата, односно во поддршка на Украина во нејзината титанска борба за слобода и демократија“, напиша Меџити.

Најнови вести од: Свет

„Реформи“ на здравственото осигурување во Германија: поскапување на лековите, болничкиот престој и терапиите!

Во текот на следните две години, осигурениците во системот на задолжително здравствено осигурување (GKV) во Германија ќе се соочат со низа промени,  кои  веројатно ќе ги зголемат нивните лични трошоци за здравствена заштита.

Денес избори во Шведска, на кои е можно да се случи победа и историски влез на крајната десница во владата

Граѓаните на Шведска денеска гласаат на парламентарните избори, на кои левиот и десниот блок влегуваат речиси целосно израмнети со разлика од само 0,3 отсто, а исходот би можел да го донесе првиот историски влез на крајнодесничарските Шведски демократи во владата.

Трамп: Ирска може да се обедини и сега! – Ирски реакции: За иднината на земјата одлучуваат граѓаните, а не странски државници!

Лидерите на унионистичките партии во Северна Ирска упатија низа критики до американскиот претседател Доналд Трамп, откако тој изјави дека „би сакал да види“ обединета Ирска. Тие му порачаа на Трамп дека „за уставната иднина на земјата ја одлучуваат исклучиво нејзините граѓани, а не странски државници“, пренесоа британските медиуми.

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

To top