Свет

Милановиќ: Европа не е и нема да биде една држава

Хрватскиот претседател вели дека Европа не е држава и дека никогаш нема да биде тоа, мислејќи притоа, веројатно, на Европската унија.. „Разликите меѓу Португалија и Финска се неописливи, треба да се измисли посебен јазик за да се опишат овие разлики и никогаш не може да биде нација и никогаш не може да биде една држава […]

Хрватскиот претседател вели дека Европа не е држава и дека никогаш нема да биде тоа, мислејќи притоа, веројатно, на Европската унија..

„Разликите меѓу Португалија и Финска се неописливи, треба да се измисли посебен јазик за да се опишат овие разлики и никогаш не може да биде нација и никогаш не може да биде една држава и, колку и да „тупат“ бирократите, нека се олабават малку затоа што Хрватска е Хрватска, Австрија е Австрија, Унгарија е Унгарија“, рече Милановиќ.

Претседателот се осврна и на средствата од европските фондови за време на посета на неколку места на северот од Хрватска.

„Ова се наши пари. Како држава, дадовме и отстапивме многу од нашето природно, првобитно државно право да бидеме членка на Европската Унија.

Ние веќе воопшто не водиме многу политики и тоа во суштина не е добро, но во некаков баланс на придобивки и, нема да кажам штета, туку негативност, таа корист сепак ја надминува“, рече претседателот.

 

Најнови вести од: Свет

Нафтата повторно поминува низ Ормуската теснина, сообраќајот се врати на 70% од предвоеното ниво

Сообраќајот на нафта низ Ормускиот теснец значително се опорави и моментално е помеѓу 65 и 70 проценти од нивото пред почетокот на војната со Иран, според аналитичката фирма „Вортекса“.

To top