Свет

„Многу важен разговор“ меѓу Трамп и Зеленски

Разговорот го потврди Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател, оценувајќи го како „многу важен и суштински“. Тој најави дека деталите ќе бидат објавени наскоро

Претседателите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, денеска имаа телефонски разговор, откако по вчерашниот повик со рускиот претседател, Владимир Путин изјави дека Москва ќе продолжи со воената агресија врз Украина, без оглед на повиците од Западот за прекин на огнот.

Разговорот го потврди Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател, оценувајќи го како „многу важен и суштински“. Тој најави дека деталите ќе бидат објавени наскоро.

Според „Аксиос“, телефонскиот разговор траел околу 40 минути и бил фокусиран на ескалацијата на руските напади и американската поддршка за украинската противвоздушна одбрана.

Овој повик уследи по претходниот разговор меѓу Трамп и Путин, за кој американскиот претседател изјави дека бил „многу разочарувачки“.

– Не мислам дека е подготвен да го запре ова насилство. Не видов никаков напредок – изјави синоќа Трамп пред новинарите.

Неколку часа по тој разговор, Русија ја изведе најголемата офанзива со дронови врз Киев од почетокот на војната, при што загина едно лице, а 23 беа повредени. Шефот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, ја опиша ноќта како „една од најстрашните досега“.

– Десетици балистички ракети и дронови паѓаа врз главниот град. Веднаш по разговорот на Путин со Трамп – соопшти украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха.

Зеленски ја осуди офанзивата како „намерно масивна и цинична“, а повтори и дека Русија нема да го промени „своето глупаво и деструктивно однесување“ без засилен притисок од САД и сојузниците.

Разговорот меѓу Трамп и Зеленски се случи и во време кога Пентагон привремено ја запре испораката на клучни оружја за Украина, вклучително и „Патриот“ ракети и прецизно насочувани артилериски гранати. Киев предупреди дека оваа одлука сериозно ја поткопува неговата способност за одбрана.

Германија соопшти дека е во преговори за набавка на системи за противвоздушна одбрана за Украина за да се надомести празнината. Според германскиот магазин „Шпигел“, Трамп вчера разговарал и со германскиот канцелар Фридрих Мерц за ситуацијата во Украина, како и за трговски прашања.

Иако САД, ЕУ и Киев постојано повикуваат на безусловен прекин на огнот, Кремљ преку советникот Јуриј Ушаков изјави дека Трамп и Путин биле „на иста бранова должина“. Но, Трамп тоа категорично го негираше.

– Не постигнав никаков напредок со него – вели американскиот претседател.

Меѓутоа, и покрај растечката фрустрација, администрацијата на Трамп досега не воведе нови санкции против Русија ниту одобри нова воена помош за Украина откако тој ја презеде функцијата во јануари.

Инаку, Русија и Украина годинава продолжија со директни разговори во Истанбул, а двете рунди преговори – на 16 мај и 2 јуни – резултираа само со размена на заробеници, без напредок кон прекин на огнот.

Најнови вести од: Свет

Ужас на хокеарски натпревар: Убиецот, кој се идентификувал како жена, со пиштол ги ликвидирал поранешната сопруга и децата (Видео)

Три лица загинаа, а тројца се тешко ранети во пукање за време на младински хокеарски натпревар меѓу средни училишта во Потакет, Род Ајленд. Меѓу жртвите е и напаѓачот кој ја убил поранешната сопруга и детето, кој потоа извршил самоубиство. Според полициски извори, убиецот, за кој се смета дека е и татко на еден од играчите на натпреварот, е 56-годишниот Роберт Дорган, кој се претставувал под името Роберта и наводно се идентификувал како жена.

Новиот закон во Германија: Целосна забрана за апликации што предупредуваат за сообраќајни контроли

Германија се подготвува за радикална промена во регулативата за апликациите за навигација, која би можела да оди чекор подалеку од сегашните правила во повеќето европски земји.

Украина и Русија во Женева на нова рунда преговори за мир

Претставници на Украина и Русија денеска и утре ќе се сретнат во Женева на нова рунда мировни преговори со посредство на Соединетите Американски Држави, при што Кремљ истакнува дека фокусот ќе биде на најгорливото прашање од војната – судбината на украинската територија окупирана од Русија.

Холандскиот министер за одбрана: Ф-35 може да биде „хакиран“ како Ајфон(ВИДЕО)

Холандскиот министер за одбрана Гијс Туинман ја изненади јавноста со изјава дека софтверската независност за борбениот авион Ф-35 е можна, сугерирајќи дека авионот буквално би можел да биде „хакиран“ како Ајфон.

To top