Свет

Моди: Индија и Јапонија ќе го обликуваат азискиот свет со стабилност, раст и просперитет

Индискиот премиер Нарендра Моди изјави дека Индија и Јапонија заедно ќе го обликуваат „азискиот свет“ за да обезбедат стабилност, економски раст и напредок.

facebook.com/narendramodi

Индискиот премиер Нарендра Моди изјави дека Индија и Јапонија заедно ќе го обликуваат „азискиот свет“ за да обезбедат стабилност, економски раст и напредок. Ова го истакна за време на посетата на Токио, чија цел е продлабочување на безбедносната соработка и привлекување нови јапонски инвестиции во Индија.

„Врската меѓу Индија и Јапонија е стратешка и заснована на разум. Водени од економски интереси, нашите заеднички цели ги претвораме во заеднички просперитет“, изјави Моди на економски форум.

Тој нагласи дека Индија е „порта“ за јапонските компании кон пазарите на глобалниот Југ.

Според извештаите во медиумите, Јапонија планира да објави инвестиции во Индија во вредност од 68 милијарди долари.

Оваа посета е дел од пошироката дипломатска турнеја на Моди, кој по Токио ќе замине за Кина, каде ќе учествува на самитот на Шангајската организација за соработка. На самитот се очекува да присуствуваат и кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот лидер Владимир Путин. Ова е прва посета на Моди на Кина по 2018 година

Најнови вести од: Свет

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

To top