Македонија

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Бројот на нови случаи со некој од овие три вида канцер останува релативно стабилен на Онкологија, но вкупниот број на пациенти со овие дијагнози прогресивно се зголемува т.е. имаат подолг животен век и овие болести веќе ќе се сметаат за хронични.

Со рак на дојка нови пациентки годишно има помеѓу 800 и илјада, околу 700 е инциденцата на рак на бели дробови во минатите две години, а бројот на новодијагностицирани со мелаом е во пораст во последните пет години –  63 во 2020 и 174 во 2025.

Ова денеска на прес-конференција го соопштија директорите на Клиниката за радиологија и онкологија и на Фондот за здравствено осигурување, д-р Игор Стојковски и Сашо Клековски.

-На пример, за канцер на дојка, до пред четири-пет години на Клиниката имаше околу 5000 пациенти годишно, а оваа година и лани имаме 7000. Кај пациенти со канцер на бели дробови имаме 1200 годишно во 2020 година, а оваа година се околу 1743, а најдрастично покачување на преваленцата има кај пациентите со меланом – оваа година се 514 кои се третираат на Клиниката, а беа околу 200 во 2020. Кумулирањето на бројот на пациенти се должи, меѓу другото,  и на иновативна терапија која е ефикасна за овие заболувања, како и поради алоцирање повеќе финансиски средства за третирање на овие пациенти, рече д-р Стојковски.

Според директорот на ФЗО Клековски, има јасна корелација помеѓу продолжениот и кавлитетен живот и вложувањата во терапијата.  До 2017 околу 10 милиони евра годишно било финансирањето за Клиниката за радиотерапија и онкологија, растот во буџетирањето почнува во 2019, а во последните неколку години, рече Клековски, значајно се зголемува. За 2026 година буџетот на Клиниката е околу 57 милиони евра, што е зголемување од 14 отсто во однос на минатата година.

-Конкретно, за рак на дојка, во 2020 издвојувањата биле околу 700 евра по пациент, за сега да стигнат до 2.500 евра по пациент. Заради новооткриени и вкупен број на пациенти со рак на дојка буџетот за нив е скоро една третина од вкупниот буџет. Односот меѓу инциденца и преваленца е продолжување над седум години, што е битно поместување во однос на минатото. Кај ракот на бели дробови инциденцата се движи околу 600 до 700 случаи годишно, додека преваленцата односно вкупниот број тука е околу 1700. Очекувано тука бројот на живи пациенти е помал во однос на инциденцата затоа што е доста поагресивен и подоцна се открива, меѓутоа од односот меѓу инциденцата и преваленцата очекуваниот животен век е над две години, што е битно подобрување. И тоа е поврзано со зголемувањето на финансирањето, од неколку стотини евра, сега се вложува по 7.600 евра, а исто така во третманот на рак на бели дробови повеќе се вклучува имунотерапија – од 11 прценти во 2021, сега речиси 49 проценти од пациентите се вклучени на имунотерапија, и тука се гледа подобрувањето на животот на овие пациенти, изјави Клековски, посочувајќи дека статистиката се однесува на пациентите за чие лекување не било доволно хируршки третман туку се онколошки лекувани.

За меланомот, кој важи за еден од најсмртоносните видови рак, покрај растот на инциденцата (појавувањето нови случаи), односот со преваленцата (вкупниот број на заболени) е над три години, што повторно се должи на ефикасната терапија и значителното вложување за третман кое, рече Клековски, можеби и најголемо досега.

Константното зголемување на буџетот за Онкологија во изминатите неколку години треба понатаму да го зголеми опфатот на терапијата, што ќе придонесе за поквалитетен живот на пациентите со канцер и уште повеќе ќе го зголеми нивниот животен век.

Клековски појасни дека зголемувањето од 14 отсто на буџетот во однос на минатогодишниот е и за набавка на лекови. Минатата година биле вклучени шест нови лекови, оваа година ќе има и два нови лека за рак на дојка, нова терапија ќе има и за канцер на простата и ќе се зголеми опфатот за 10 проценти за третман со имунотерапија.

-Ракот во еден дел од случаите веќе е хронична болест и е состојба со која ќе се живее подолго време и треба полека да се подготвуваме за пристап во согласност со фактот што пациенти ќе живеат подолго. Предизвикот е голем затоа што колку стануваме подобри во третманот, толку растат и потребите, како на пример од специфични видови терапија кои не секогаш моеме да ги предвидиме во нашиот систем,  истакна Клековски.

На Клиниката во моментов функционираат три акцелератори, од кои еден е ставен во функција минатата година,  по десетина години затворен во магацин. На презентацијата на резултатите денеска беше претставен и нов апарат за зрачење на метастази во мозокот за што пациентите досега биле упатувани во странство.

Најнови вести од: Македонија

Сали: Уставниот суд ја укина одлуката за имињата на улиците во 2007, оти беше без одлука на владата, a протестите на ДУИ се политички мотивирани!

Протестите на ДУИ се политички мотивирани, а Уставниот суд ја укина одлуката за имињата на улиците во Тетово зашто била донесена без да се испочитуваат законот и процедурите, изјави денеска Беким Сали од коалицијата Вреди, актуелен вицепремиер и министер за европски прашања. Сали појасни дека новата постапка во Тетово веќе е започната, но овој пат ќе се води строго според законските прописи.

Димитриевски: СДСМ е друштво во ликвидација и стечај, ликвидатор му е Филипче, а го координираат од Струмица!

Лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски изјави дека СДСМ, наместо секојдневно да пласира политички лаги и измислени конструкции, треба конечно да се соочи со сопствените политики, поради кои ја изгуби довербата на граѓаните. Тој оценува дека денешното раководство ја доведе партијата до состојба на политички стечај.

ВМРО ДПМНЕ: Филипче и другарите повторуват лаги како папагали – пензиите не се загрозени, буџетот не е празен!

Венко Филипче и неговите другари лагите ги повторуваат како папагали. Од нивното однесување и нивните кажувања кои се сведуваат на сеење страв се гледа само едно дека немаат идеја за ништо и само повторуваат лаги.Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите и нивните месечни примања, ниту се загрозени вработените и нивните примања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Анри Барбис: Македонците, коишто имаат свој автентичен посебен јазик и своја неспорна етничка оригиналност, го немаат дури ни правото да се нарекуваат Македонци!

„Македонците, коишто имаат свој автентичен посебен јазик и своја неспорна етничка оригиналност, го немаат дури ни правото да се нарекуваат Македонци. Нам ни припаѓа правото јасно и високо да протестираме против поробувањето и угнетувањето на еден народ.“  – напишал Анри Барбис на во својата статија со наслов „Поробен народ“ („Un peuple asservie“), која е објавена на 28 јуни 1930 година во публикацијата „Монд“ број 108. Барбис е блескав француски писател, добитник на највисоки француски државни награди за вредностите на својата литература. Во „Поробен народ“ овој француски писател употребува директно за Македонците оригинални француски формулации „une nation“, „langue distincte“ и „originalité ethnique“, кои во францускиот политички и интелектуален речник од тоа време имале многу силно значење и означувале: посебен народ, посебен идентитет и различен, посебен јазик. Формулациите на Барбис „свој посебен јазик“ и „неоспорна етничка оригиналност“ се јасно признавање на постоењето на македонскиот народ и на македонскиот јазик среде интелектуална Франција и интелектуална Европа. Уште пред сто години, Барбис зборува експлицитно за Македонците како посебна нација, а не како дел од друга балканска нација.

Муцунски: Нема „северномакедонски народ, идентитет и јазик“, туку само македонски народ, јазик и идентитет, секое нивно оспорување ќе наиде на соодветен одговор!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-расправата „ ЕУ и Западниот Балкан: заедничко решавање на недовршените работи“ во рамки на Дубровник- форумот, посветена на европската перспектива на Западен Балкан и иднината на политиката на проширување. Во обраќањето министерот Муцунски се осврна на актуелните иницијативи за постепена интеграција на земјите кандидати во Европската Унија, оценувајќи дека тие можат да бидат значајна алатка, ако претставуваат мост кон полноправното членство. „Ако новиот модел на постепена интеграција претставува мост кон полноправно членство, тогаш ќе биде исклучително корисен. Но, мора да внимаваме да не стане алатка, која ќе создаде трајна чекалница без врата кон целосно членство“, истакна Муцунски.

Лефков: Филипче е слуга на Бугарија и не го засегаат нејзините напади врз Македонија, идентитетот, јазикот и историјата!

„Додека државните претставници на Македонија секој ден наоѓаат начини за соработка, јакнење на билатералните односи, јакнење на позицијата на државава на меѓународна сцена како што се деновиве активностите на министерот Муцунски во Дубровник, дома го имаме опозиционерот Венко Филипче и неговите другари од раководството на СДС, кои знаат само да слугуваат на туѓи интереси, сега конкретно слугуваат на Бугарија!“ – нагласи на денешната прес-конференција Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорче Петров, жестокиот борец против врховизмот и великобугарските посегања кон Македонија, „земјата врз која се излеал сиот божји благослов“

Денеска се одбележуваат 105 години од убиството на Ѓорче Петров, еден од идеолозите на македонската револуционерна борба  за слобода на македонскиот народ и за создавање самостојна македонска држава. Поради своите чисто македонски позиции, Ѓорче Петров станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на великобугарските врховисти. Неговиот став кон Бугарија и бугарската политика бил критичен – тој се борел за самостојна македонска ослободителна борба и остро се спротивставувал на бугарските врховистички обиди и мешања во внатрешните работи на Организацијата. Ѓорче Петров бил еден од авторите на Уставот на ТМОРО, чија цел била создавање самостојна македонско-одринска област. Тој бил жесток противник на бугарскиот Врховен комитет (врховистите), кој се обидувал да ја стави македонската револуционерна борба под контрола на официјална Софија. Во своето капитално дело „Материјали по изучувањето на Македонија“, тој ги отфрлил стремежите на соседните држави. За бугарските и српските пропагандни тврдења дека македонското население е бугарско, односно српско, тој јавно истакнал дека „тие докажувања не вредат ни луле тутун“. Во 1920-тите години дошол во сериозен политички судир со Тодор Александров. Ѓорче Петров бил убиен на 28 јуни 1921 година среде Софија, по налог на Тодор Александров, а атентатот го извршил Турчинот Реџеп.

Најнови вести

To top