Свет

Москва негира вмешаност во блокирањето на сигналот од авионот на фон дер Лајен

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, негира дека официјална Москва била вмешана во блокирањето на ГПС-сигналот на авионот во кој се превезувала претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, додека вчера прелетувал над Бугарија.

Kremlin spokesman Dmitry Peskov attends a meeting of Russian President Vladimir Putin and Tajik President Emomali Rahmon at the Kremlin in Moscow, Russia, Monday, March 17, 2025. (Yury Kochetkov/Pool Photo via AP)

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, негира дека официјална Москва била вмешана во блокирањето на ГПС-сигналот на авионот во кој се превезувала претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, додека вчера прелетувал над Бугарија.

„Вашите информации се неточни“, кратко изјави портпаролот на Кремљ , Димитриј Песков.

Неговиот коментар уследи откако претходно денеска „Фајненшл тајмс“ објави дека навигацискиот систем на авионот во кој летала Урсула фон дер Лајен се расипал за време на слетувањето во Бугарија, принудувајќи ги пилотите да се ориентираат според хартиени мапи за слетување на аеродромот во Пловдив.

Тројца службеници запознаени со инцидентот за „Фајненшл тајмс“ изјавиле дека постои сомневање за руско попречување на сигналот.

Претседателката на ЕК пристигна во Бугарија од Варшава за да се сретне со премиерот Росен Жељазков и за да посети фабрика за муниција. Целта на обиколката на источната граница на ЕУ беше да се разговара за зајакнување на одбранбената подготвеност на блокот по руската агресија во Украина.

Најнови вести од: Свет

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

Орбан: Европа мора веднаш да ги укине санкциите врз руската енергија

„Европа се движи кон една од најтешките економски кризи во својата историја. Светот се соочува со сериозна енергетска криза. Европа е во сериозна опасност. Единствениот излез е да се укинат санкциите наметнати врз руската енергија. Веднаш. Не мора да размислуваме за Путин, туку за нашата земја и нашиот народ“, рече Орбан

Украинскиот производител на ракети „Фламинго“ објави планови за напад врз Москва: Треба да удриме, да лансираме 20-30 ракети!

Денис Штилман, сосопственик на украинската „Фаер Поинт“, компанија за развој на ракети „Фламинго“, објави планови за лансирање до 30 нови балистички ракети кон Москва, во интервју со украинскиот новинар Дмитриј Гордон. Според него, нападите врз руската престолнина се неопходни. „Треба да удриме. Да лансираме 20-30 ракети“, рече Штилман.

Кина: САД и Израел виновни за блокадата на Ормускиот Теснец

Главната причина за нарушувањата на навигацијата во Ормутскиот теснец лежи во илегалните воени операции спроведени од САД и Израел против Иран“, рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи

Најнови вести

To top