Свет

Муцунски на средба со Марта Кос во Брисел

Муцунски во Брисел ќе биде придружуван и од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, кој се очекува да оствари средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, Елизабет Вернер

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел, каде се очекува да оствари средби со еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Предвидена е и средба со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност Роксана Минзату.

Муцунски во Брисел ќе биде придружуван и од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, кој се очекува да оствари средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, Елизабет Вернер.

Покрај тоа, предвидени се и повеќе средби со пратеници во Европскиот парламент, како и брифинг на министерот со претставници на земјите членки на Работната група за проширување при Советот на Европската Унија.

„Во фокусот на разговорите и активностите за време на посетата ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, натамошната динамика на пристапниот процес, како и секторската соработка со институциите на Европската Унија, како и други актуелни политички, економски и реформски прашања од заедички интерес“,соопштија од МНР.

Во рамки на посетата, Муцунски ќе учествува и на тркалезна маса „Патот кон европското проширување“, во организација на „Пријатели на Европа“.

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

To top