Свет

Најмалку 48 Палестинци убиени додека чекале храна (ВИДЕО)

Стотици ранети додека се упатувале кон преминот за камиони со помош што влегуваат во северна Газа

Најмалку 48 Палестинци беа убиени, а десетици беа ранети во среда додека чекале храна на премин во Појасот Газа, објави болницата што ги прими жртвите, пренесе АП.

Портпарол на цивилната одбрана во Газа изјави за новинската агенција АФП дека израелскиот оган повредил уште околу 300 луѓе.

Израел соопшти дека деталите за инцидентот „сè уште се испитуваат“.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека испукале „предупредувачки истрели“ откако жителите на Газа се собрале околу камионите со помош 3 км југозападно од преминот Зиким.

Ал џезира, пак,пренесе дека според Канцеларијата за медиуми на Владата на Газа, најмалку 51 лице ило убиено, а повеќе од 648 други беа ранети од израелските сили во средата додека се упатувале кон преминот за камиони со помош што влегуваат во северна Газа.

Најновото насилство околу дистрибуцијата на помош се случи додека американскиот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, се упатуваше кон Израел на разговори.

Воената офанзива и блокадата на Израел доведоа до „најлошото сценарио за глад“ на крајбрежната територија со околу 2 милиони Палестинци, според водечкиот меѓународен орган за кризи со глад. Распадот на законот и редот доведе до тоа конвоите со помош да бидат преплавени од очајни толпи.

Виткоф, кој ги водеше напорите на администрацијата на Трамп за запирање на речиси 22-месечната војна и ослободување на заложниците земени во нападот на Хамас на 7 октомври, што ги предизвика борбите, ќе пристигне во Израел денеска на разговори за ситуацијата во Газа.

Најнови вести од: Свет

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top