Свет

Нетанјаху вчера тврдеше дека „Исус Христос нема предност над Џингис-кан“ а денес се правда дека „немал намера да го навреди Исус Христос“!

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „немал намера да го навреди Исус Христос“ во своето телевизиско обраќање, откако неговите зборови за војната со Иран предизвикаа негативни реакции во јавноста.  Во говорот одржан синоќа, Нетанјаху посочи дека „историјата покажува дека Исус Христос нема предност над Џингис-кан, бидејќи ако сте доволно силни, немилосрдни и моќни, злото може да го надвладее доброто“. Тој нагласи дека станува збор за толкување на историчарот Вил Дјурент, а не за негов личен став.

„И самиот голем почитувач на Исус Христос, Дјурент истакнувал дека самата моралност не е доволна за опстанок.“ – рече Нетанјаху, додавајќи дека и морално надмоќна цивилизација може да падне пред немилосрден непријател ако нема сила да се одбрани. Тој подвлече дека неговата изјава не била насочена кон навреда на верските чувства. „Немаше намера никој да биде навреден“, порача израелскиот премиер.

На неговите зборови реагираше и шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи, кој оцени дека станува збор за „отворен презир кон Христос“. „Ова доаѓа од човек кој во голема мера се потпира на поддршката од христијаните во САД“, додаде тој, обвинувајќи го Нетанјаху за неконтролирано величење на Џингис-кан, кого го нарече „најголем крвник што регионот го видел“. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Свет

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top