Свет

Невина сум и имам доверба во судскиот процес, рече Могерини

Могерини, заедно со уште двајца високи италијански функционери, е обвинета за измама, корупција, конфликт на интереси и оддавање професионална тајна, во врска со доделување на програмата за обука на млади дипломати на Колеџот на Европа, каде што Могерини е ректор.

AA_19102018_834632

Поранешната висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини, објави изјава во врска со вчерашното приведување на распит и обвиненијата што против неа ги поднесе Европското јавно обвинителство.

Во изјавата Могерини повтори дека не е виновна.

  • „Имам целосна доверба во судскиот систем и убедена сум дека ќе се утврди законитоста на постапките на колеџот“, рече таа во соопштението издадено од прес-службата на елитниот универзитет што го раководи во Бриж, Белгија.

Во врска со истрагата за основањето на Дипломатската академија на ЕУ, таа вчера им го појаснила својот став на истражителите. Таа посочи дека ќе продолжи да соработува со властите, очекувајќи дека исправноста на активностите на Колеџот на Европа ќе биде потврдена пред суд.

Могерини, заедно со уште двајца високи италијански функционери, е обвинета за измама, корупција, конфликт на интереси и оддавање професионална тајна, во врска со доделување на програмата за обука на млади дипломати на Колеџот на Европа, каде што Могерини е ректор.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top