Свет

Њузмакс Балканс: Администрацијата на Трамп подготвена да го укине финансирањето на меѓународните судови

На удар ќе се најдат и институции кои со децении играат клучна улога на Балканот

Во Вашингтон започнаа подготовките за една од најострите промени во американската надворешна и правосудна политика, а тоа е целосно или драстично намалување на финансирањето на меѓународните правосудни институции – дознава телевизијата Њузмакс Балканс.

Извори на телевизијата велат дека САД во последните децении вложиле повеќе од 100 милијарди долари во меѓународнте судови, специјалзирани совети и различни правосудни фондови ширум светот.

Новата американска администрација меѓутоа семта дека тој модел е застарен, политички компромитиран и финансиски неодржлив, особено затоа што, како што тврдат, многу од тие институции биле користени за надворешно политички цели на претходните администрации.

Според наводите на високи функционери, во врвот на новата администрација постои јасен став дека Америка е на прво место и дека „не би требало да се меша во внатрешните проблеми на други земји“, особено кога тој ангажман е на сметка на американските даночни обврзници.

 

Целата вест на следниот линк:

https://newsmaxbalkans.com/svet/vesti/27676/trampova-administracija-spremna-da-ukine-finansiranje-medunarodnih-sudova/vest

Најнови вести од: Свет

(Фото): Тешка несреќа во Унгарија, автобус излета од патот, 12 мртви

Спасувачките екипи веднаш излегле на местото на настанот и ги пронашле патниците низ прозорците на автобусот. Некои од патниците биле заробени под возилото, поради што спасувачката операција траела во текот на целото утро.

(Видео): Пожарникарите објавија шокантни снимки од центарот на пожарот во Омиш

Нови жаришта на хрватското приморје додека повредени се борат за живот по пожарот кај Омиш. Пожарот изгоре околу 900 хектари, едно лице загина, а седум се борат за живот. Бројни згради беа оштетени и уништени, а десетици луѓе беа повредени.

To top