Свет

Новинарите го прашаа Трамп дали ке ја нападне Венецуела(ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера даде интересен одговор кога беше прашан дали би наредил воени напади врз Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера даде интересен одговор кога беше прашан дали би наредил воени напади врз Венецуела. „Па, ќе дознаете. Ќе дознаете“, рече Трамп.

Да потсетиме дека Трамп во саботата се закани дека американската војска ќе собори венецуелски борбени авиони доколку повторно прелетаат над американските воени бродови во Карибите, а во исто време, извори во Вашингтон објавија можност за воени напади врз цели во Венецуела.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро одговори велејќи дека секоја американска агресија ќе доведе до „планирана и организирана вооружена борба на целиот народ“ и најави почеток на обука на милиција што го вклучува цивилното население. „Ние ќе го браниме мирот, територијалниот интегритет, суверенитетот и нашиот народ“, рече Мадуро.

https://x.com/front_ukrainian/status/1964752671908495590

Најнови вести од: Свет

Новиот врховен лидер на Иран има тешки повреди на лицето и нозете

Локацијата, состојбата и способноста на Хамнеи да владее сè уште во голема мера остануваат мистерија за јавноста, без објавена фотографија, видео или аудио снимка од него по воздушниот напад и неговото последователно назначување за замена на неговиот татко на 8 март

To top