Свет

Објавени номинациите за „Оскар“

„Грешници“ со рекордни 16 номинации

Свеченото доделување на „Оскарите“ и оваа – втора година по ред ќе го води Конан О’Брајан. Секоја категорија има пет номинирани, освен за најдобар филм, којашто содржи 10 наслови. Филмот „Грешници“ има дури 16 номинации – најмногу во „оскаровската“ историја

Номинираните за 98-то доделување на наградите „Оскар“, во сите 24 категории, беа објавени во живо од театарот „Сeмjуел Голдвин“ на американската Академија за филмски науки и уметности во Лос Анџелес. Актерката претходно номинирана за „Оскар“, Даниел Брукс, и нејзиниот голега Луис Пулман ги објавија номинациите.

Меѓу нив е и најновата категорија за оваа година – кастинг.

Свеченото доделување на „Оскарите“ и оваа – втора година по ред ќе го води Конан О’Брајан. Секоја категорија има пет номинирани, освен за најдобар филм, којашто содржи 10 наслови. Филмот „Грешници“ има дури 16 номинации – најмногу во „оскаровската“ историја. Следат сите номинирани.

Најдобра споредна женска улога: Ел Фенинг за „Сентиментална вредност“; Инга Ибсдотер Лилеас – „Сентиментална вредност“; Ејми Мадиган – „Оружје“; Вунми Мосаку – „Грешници“; Тејана Тејлор – „Една битка по друга“.

Најдобра споредна машка улога: Бенисио дел Торо за „Една битка по друга“; Џејкоб Елорди – „Франкенштајн“; Делрој Линдо – „Грешници“; Шон Пен – „Една битка по друга“; Стелан Скарсгард – „Сентиментална вредност“.

Најдобар филм: „Бугонија“ (Bugonia), „Ф1“ (F1), „Франкенштајн“ (Frankenstein), „Хамнет“ (Hamnet), „Врвниот Марти“ (Marty Supreme), „Една битка по друга“ (One Battle After Another), „Тајниот агент“ (O Agente Secreto), „Сентиментална вредност“ (Affeksjonsverdi), „Грешници“ (The Sinners), „Воз oд соништата“ (Train Dreams).

Најдобра шминка и фризура: „Франкенштајн“, „Кокухо“, „Грешници“, „Машината за кршење“, „Грдата полусестра“.

Најдобра оригинална музика: „Бугонија“ – Џерскин Фендрикс; „Франкенштајн“ – Александар Деспла; „Хамнет“ – Макс Рихтер; „Една битка по друга“ – Џони Гринвуд; „Грешници“ – Лудвиг Герансон.

Најдобар краток игран филм: „Месарска дамка“ (Butcher’s Stain), „Џејн Остин: Периодична драма“ (Jane Austen’s Period Drama), „Пријателот на Дороти“ (A Friend of Dorothy), „Пејачите“ (The Singers), „Двајца кои разменуваат плунка“ (Two People Exchanging Saliva).

Најдобро адаптирано сценарио: „Бугонија“ – Вил Трејси; „Франкенштајн“ – Гилермо дел Торо; „Хамнет“ – Меги О’Фарел и Клое Жао; „Една битка по друга“ – Пол Томас Андерсон; „Воз од соништата“ – Клинт Бентли и Грег Кведар.

Најдобро оригинално сценарио: „Сина Месечина“ – Роберт Каплоу; „Тоа беше само несреќа“ – Џафар Панахи; „Врвниот Марти“ – Роналд Бронштајн и Џош Сафди; „Сентиментална вредност“ – Јоаким Триер и Ескил Вогт; „Грешници“ – Рајан Куглер.

Најдобар анимиран краток филм: „Пеперутка“, „Засекогаш зелена“, „Девојката што плачеше бисери“, „План за пензионирање“, „Трите сестри“.

Најдобар кастинг: „Хамнет“ – Нина Голд; „Врвниот Марти“ – Џенифер Вендити; „Една битка по друга“ – Касандра Кулукундис; „Тајниот агент“ – Габриел Домингес; „Грешници“ – Франсин Мејслер.

Најдобра оригинална песна: „Dear Me“ од „Дајана Ворен: Немилосрдна“; „Golden“ од „К-поп-ловците на демони“; „I Lied to You“ од „Грешници“; „Ѕweet Dreams of Joy“ од „Вива Верди!“ и „Train Dreams“ од „Воз од соништата“.

Најдобар документарен филм: „Решението од Алабама“ (The Alabama Solution), „Дојди да ме видиш во добро светло“ (Come See Me in the Good Light), „Сечење низ карпи“ (Cutting Through Rocks), „Г-н Никој против Путин“ (Mr. Nobody Against Putin – Господин Никто против Путина), „Совршениот сосед“ (The Perfect Neighbor).

Најдобар документарен краток филм: „Сите празни соби“ (All the Empty Rooms), „Вооружен само со камера: Животот и смртта на Брент Рено“ (Armed Only with a Camera: The Life and Death of Brent Renaud), „Децата повеќе ги нема: Ние постоиме и сме исчезнати“ (Children No More: ‘We Be and Are Gone’), „Ѓаволот е зафатен“ (The Devil is Busy), „Совршено чудно“ (Perfectly a Strangeness).

Најдобар меѓународен филм: „Таен агент“ (Бразил), „Тоа беше само несреќа“ (Франција), „Сентиментална вредност“ (Норвешка), „Сират“ (Шпанија), „Гласот на Хинд Раџаб“ (Тунис).

Најдобар анимиран филм: „Арко“, „Елио“, „К-поп-ловци на демони“, „Малата Амели или животот на дождот“, „Зоотопија 2“.

Најдобар продукциски дизајн: „Франкенштајн“, „Хамнет“, „Врвниот Марти“, „Една битка по друга“, „Грешници“.

Најдобра монтажа на филм: „Ф1“ – Стивен Мирионе; „Врвниот Марти“ – Роналд Бронштајн и Џош Сафди; „Една битка по друга“ – Енди Јургенсен; „Сентиментална вредност“ – Оливие Буге Куте; „Грешници“ – Мајкл П. Шовер.

Најдобар звук: „Ф1“, „Франкенштајн“, „Една битка по друга“, „Грешници“, „Сират“.

Најдобри визуелни ефекти: „Аватар: Оган и пепел“, „Ф1“, „Преродбата на светот Јура“, „Изгубениот автобус“, „Грешници“.

Најдобра кинематографија: „Франкенштајн“, „Врвниот Марти“, „Една битка по друга“, „Грешници“, „Воз од соништата“.

Најдобар костимографски дизајн: „Аватар: Оган и пепел“ – Дебора Л. Скот; „Франкенштајн“ – Кејт Хејли; „Хамнет“ – Малгосија Турзанска; „Врвниот Марти“ – Мијако Белизи, „Грешници“ – Рут Е. Картер.

Најдобар глумец (главна улога): Тимоти Шаламе за „Врвниот Марти“; Леонардо Дикаприо – „Една битка по друга“; Итан Хок – „Сина месечина“; Мајкл Б. Џордан – „Грешници“; Вагнер Моура – „Тајниот агент“.

Најдобра глумица (главна улога): Џеси Бакли за „Хамнет“; Роуз Брн – „Да имав нозе, ќе те шутнев“; Кејт Хадсон – „Тажно отпеана песна“; Ренате Рејнсве – „Сентиментална вредност“; Ема Стоун – „Бугонија“.

Најдобар режисер: Клое Жао за „Хамнет“; Џош Сафди – „Врвниот Марти“; Пол Томас Андерсон – „Една битка по друга“, Јоаким Триер – „Сентиментална вредност“. Рајан Куглер – „Грешници“.

Најнови вести од: Свет

Иранска државна телевизија: Мохтаба Хамнеи е ранет од непријателот во војната

Водителите читаа извештаи во кои се нагласува дека тој е ранет од непријателот, но не беа дадени никакви дополнителни детали за природата, времето или тежината на повредата, ниту пак за неговата моментална здравствена состојба.

На 17 години се бореше на фронтот – сега Мојтаба Хаменеи ја води „светата“ војна против Америка (ВИДЕО)

Во време на ескалација на конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави, Израел и Иран, вниманието на глобалната јавност е насочено кон новиот врховен водач на Исламската Република Иран, Мојтаба Хаменеи.

Ердоган до Иран: „Не фрлајте сенка врз нашите илјадагодишни братски односи“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска, по седницата на владата во Анкара, изјави дека Турција испратила јасно предупредување до Иран откако втора балистичка ракета од иранска територија влегла во турскиот воздушен простор и била пресретната од системите за противвоздушна одбрана на НАТО.

Напад врз централниот дел на Израел: Аларми во подрачјата каде што живее половина од населението

Сирени за воздушна опасност речиси без престан се активираат во централниот дел на Израел поради ракетни напади, јавуваат очевидци. Според првичните информации, ракетниот оган доаѓа од Иран или од движењето Хезболах од Либан, додека во неколку погодени подрачја се забележани столбови чад по ударите.

To top