Свет

Ердоган до Иран: „Не фрлајте сенка врз нашите илјадагодишни братски односи“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска, по седницата на владата во Анкара, изјави дека Турција испратила јасно предупредување до Иран откако втора балистичка ракета од иранска територија влегла во турскиот воздушен простор и била пресретната од системите за противвоздушна одбрана на НАТО.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска, по седницата на владата во Анкара, изјави дека Турција испратила јасно предупредување до Иран откако втора балистичка ракета од иранска територија влегла во турскиот воздушен простор и била пресретната од системите за противвоздушна одбрана на НАТО.

Ердоган се осврна на тековната војна меѓу САД и Израел против Иран, оценувајќи дека Техеран продолжува да презема погрешни и провокативни чекори кои ја загрозуваат регионалната стабилност. Тој нагласи дека турските власти реагирале веднаш по инцидентот, испраќајќи силна порака до Иран.

„Ниту еден чекор не смее да ја фрли сенка врз нашите илјадагодишни соседски и братски односи со Иран“, рече Ердоган.

Според турското Министерство за национална одбрана, ракетата преминала преку воздушниот простор на Ирак и Сирија пред да влезе во турскиот воздушен простор, по што била неутрализирана од НАТО-системите во источниот Медитеран. Остатоците паднале во областа на Газиантеп, без пријавени жртви или значителна материјална штета. Ова е вториот таков инцидент во краток период, откако првата ракета била соборена пред неколку дена.

Претседателот најави и дополнителни мерки за зајакнување на националната безбедност, вклучително и распоредување на дополнителни сили. Во понеделникот, Турција веќе распореди шест борбени авиони Ф-16 во северниот дел на Кипар (Турската Република Северен Кипар – ТРСК), самопрогласената држава формирана во 1983 година, која ја признава единствено Анкара, додека меѓународната заедница го смета островот за Република Кипар.

Овој потег се толкува како одговор на зголемените регионални тензии и потенцијални закани, вклучително и пошироката нестабилност предизвикана од конфликтот во Блискиот Исток. Ердоган истакна дека Турција ќе продолжи да ги зајакнува своите одбранбени капацитети во координација со НАТО-сојузниците, без да остави ништо на случајност кога станува збор за заштитата на територијата и воздушниот простор.

Најнови вести од: Свет

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ откажува 20.000 летови

Луфтханза појасни дека ќе заштеди 40.000 тони гориво за авиони со откажување на 20.000 летови до октомври оваа година. Германскиот превозник ја консолидира својата европска мрежа, скратувајќи ги непрофитабилните рути од своите центри во Франкфурт и Минхен, а воедно ги проширува постојните рути од Цирих, Брисел и Виена.

Трамп чита Библија од Овалната соба по судирот со папата (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп читаше дел од Стариот завет во рамки на настанот „Америка чита Библија“, одржан како симболична прослава на духовните темели на САД, само неколку дена по јавниот судир со папата Лав XIV.

To top