Свет

Околу 16 илјади странци војуваат за Украина, најмногу од Јужна Америка

Доброволци од 72 земји се борат на страната на Киев, 40 отсто од нив се од латиноамериканските држави

Околу 16.000 странски доброволци моментално се борат во редовите на украинските одбранбени сили, објави воениот омбудсман на Украина, Олха Решетилова, за време на консултацијата со шефовите на дипломатските мисии на Украина во странство.

Како што изјави таа, овие борци доаѓаат од најмалку 72 земји во светот, а речиси 40 проценти од нив се државјани на латиноамериканските земји, објави „Униан“.

Според неа, од почетокот на работата на Канцеларијата на воениот правобранител на 27 јануари примени се повеќе од 300 жалби од странски војници, членови на нивните семејства и овластени лица.

„Специјална работна група на Канцеларијата ги анализира проблемите на странците во сите фази од службата и реагира на прекршувања во областите на финансиската и материјалната безбедност, здравствената заштита и доделувањето статус на борци“, рече Решетилова.

Таа истакна дека Украина постојано развива државен механизам за заштита на правата на странците кои служат во нејзината армија.

„Важен дел од таа работа е поддршката и подготвеноста на дипломатските претставништва на Украина да учествуваат во решавањето на прашањата поврзани со заштитата на правата и легитимните интереси на странските доброволци“, додаде воениот омбудсман.

Претходно беше објавено дека Украина може да изгуби дел од своите потенцијални странски доброволци откако владата на Колумбија ги зголеми платите на припадниците на вооружените сили. Претседателот на земјата Густаво Петро тогаш најави зголемување на платите за сите воени должности.

Најнови вести од: Свет

Гасот ја засени нафтата, станува главен ризик за инфлацијата во Европа

Природниот гас ја престигна нафтата и стана најголемата грижа за трговците со европски обврзници, бидејќи намалените залихи на клучното гориво се закануваат повторно да ја поттикнат инфлацијата.

Германска банка под истрага, осомничена е за финансирање на еден од најголемите бордели во Европа

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е под истрага бидејќи во 2021 година одобрила кредит на кинескиот бизнисмен Ху Јинг за купување на еден од најголемите бордели во Европа, „Паша“ во Келн.

Катастрофални поплави меѓу Непал и Тибет: луѓе бегаат панично и огромна маса од вода и карпи се урива врз нив!

Најмалку 22 лица загинаа, а стотици се водат како исчезнати по разурнувачката поројна поплава, што денеска го погоди северен Непал, во близина на границата со Тибет.

To top