Свет

Орбан со честитка до ВМРО-ДПМНЕ: Ја поставивте вашата татковина на патот на стабилен, предвидлив и безбеден развој

„Им честитам на сите членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ за навистина неверојатните достигнувања што ги постигнавте во изминатите две години“, вели во чститка унгарскиот премиер

Честитки за достигнувањата на партијата ВМРО-ДПМНЕ во последните две години упатија денеска претставници на сестринските парттии по повод одржувањето на партискиот Конгрес во Кавадарци.

Меѓународна поддршка: Македонија има раководство што знае каде оди

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, оцени дека ВМРО-ДПМНЕ ја поставила Македонија на патот на стабилен, предвидлив и безбеден развој.

„Им честитам на сите членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ за навистина неверојатните достигнувања што ги постигнавте во изминатите две години.

Убедлива победа на парламентарните, локалните и претседателските избори. Исто така, ја поставивте вашата татковина на патот на стабилен, предвидлив и безбеден развој.

По долги години опозиција, ВМРО сега стана една од, или можеби најуспешните, политички сили во Европа.

Нема подобра препорака од самиот успех. Ви благодарам за можноста да соработувам со вашиот претседател Христијан Мицкоски, и ви препорачувам да продолжите да го поддржувате со вашата доверба кон него.

Продолжете по патот на успехот. Ви посакувам многу успех во владините задачи што претстојат. Бог да ги благослови македонските патриоти“, вели унгарскиот премиер во честитката.

Најнови вести од: Свет

Норвешка ги предупреди своите граѓани дека во случај на војна со Русија ќе конфискува приватен имот

„Реквизициите имаат за цел да обезбедат, во воени услови, вооружените сили да имаат пристап до ресурсите потребни за одбрана на земјата“, соопшти норвешката војска

Орбан: Со Европа управува „германската воена тројка“ Лаен-Мерц-Вебер!

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги критикуваше „воените подготовки на Брисел“ и рече дека Европа сега е „предводена од германската воена тројка“, мислејќи на германскиот канцелар Фридрих Мерц, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и шефот на Европската народна партија (ЕПП) Манфред Вебер, јавуваат унгарските медиуми.

Лаен: САД ги туркаат меѓусебните односи во опасна надолнина, но ние ќе им одговориме непоколебливо!

Осврнувајќи се на случувањата околу Гренланд претседателката на Европската комисија Урсула Лаен нагласи дека ЕУ ги смета Американците не само за сојузници, туку и за пријатели, дополнувајќи дека „но тие ги туркаат меѓусебните односи во опасна надолнина, од која корист би имале само противниците на Унијата и САД“. – Затоа, нашиот одговор ќе биде непоколеблив, обединет и соодветен. Мора стратешки да пристапуваме кон ова прашање. Затоа работиме на пакет за поддршка на безбедноста на Арктикот, рече Лаен.

Трамп веќе го „стави“ американското знаме на Гренланд и порача: Нема враќање назад!

Американскиот претседател Доналд Трамп не отстапува од идејата САД да го преземат Гренланд, додека европските лидери продолжуваат да се спротивставуваат на неговите барања. Тој сподели слика генерирана од вештачка интелигенција од себе заедно со Марко Рубио и Џ.Д. Венс, како го поставуваат американското знаме на Гренланд, со знак на кој пишува „Гренланд – територија на САД – формирана 2026 година“.

To top