Македонија

Меѓународна поддршка: Македонија има раководство што знае каде оди

Ова е најсилниот меѓународен „ветер во грб“ што ВМРО-ДПМНЕ го добила на партиски конгрес во последната деценија, сигнал дека Македонија повторно се позиционира како земја со предвидлив политички курс и европска ориентација

Премиерот на Хрватска и лидери на десноцентристички партии од Европската народна партија упатија пораки што ја нагласуваат важноста на политичката стабилност во Македонија и нејзината улога во регионот.

Најсилната изјава, според делегатите, пристигнала од премиерот на Хрватска, кој порачал:
„Македонија има раководство што знае каде оди. Ова е момент кога европската перспектива може да стане реалност, а Хрватска ќе биде ваш искрен партнер на тој пат.“

Овој настап бил оценет како јасен сигнал дека Загреб ја гледа Македонија како сериозен фактор во регионалната стабилност и европската агенда.

Лидери на сестринските партии од Италија и Словенија исто така испратиле поддршка, истакнувајќи дека реформскиот модел што го предлага ВМРО-ДПМНЕ е „систем што се доближува до европските стандарди на функционална државност“. Според нив, Македонија демонстрира политичка зрелост и конзистентност што ретко се гледала во последната деценија.

Од Германија, претставници на Христијанско-демократската унија потенцирале:
„Стабилноста, владеењето на правото и модерните институции се основа за секоја европска држава. Македонија сега се движи во насока што може да донесе долгорочни резултати.“

ЕНП, како најголемо политичко семејство во Европа, испрати порака во која се вели:
„Граѓаните на Македонија заслужуваат ефективна држава, јасни стандарди и стабилна иднина. Стратегијата до 2030 година е чекор што ја носи земјата поблиску до европското политичко и економско јадро.“

Во завршниот дел од меѓународниот блок, свое видео-обраќање испратил и унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој накратко ја поздравил организацијата на Конгресот и порача дека „стабилните партнери во регионот се од клучно значење во сложените геополитички околности“.

Според партиски извори, ова е најсилниот меѓународен „ветер во грб“ што ВМРО-ДПМНЕ го добила на партиски конгрес во последната деценија, сигнал дека Македонија повторно се позиционира како земја со предвидлив политички курс и европска ориентација.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top