Свет

Ослободени првите заложници, радост во Израел

Хамас ослободи седум заложници, предавајќи ги директно на Црвениот крст без церемонија, а другите 13 ќе бидат ослободени во 10:00 часот на ист начин, соопшти групата

Веста предизвика возбуда кај толпата собрана на Плоштадот на заложниците во Тел Авив. Возилата на Црвениот крст сега ќе се упатат кон деловите од Газа што се под израелска контрола, каде што заложниците ќе им бидат предадени на израелските сили.

Палестинската група Хамас претходно ги објави имињата на 20-те израелски заложници што ќе бидат ослободени, објави Ројтерс.

Лицата што ќе бидат ослободени се: Бар Абрахам Куперштајн, Евијатар Давид, Јосеф-Хаим Охана, Сегев Калфон, Авинатан Ор, Елкана Бохбот, Максим Херкин, Нимрод Коен, Матан Ангрест, Матан Зангаукер, Еитан Хорн, Еитан Абрахам Мор, Гали Берман, Зив Берман, Омри Миран, Алон Охел, Гај Гилбоа-Далал, Ром Браславски, Ариел Кунио и Давид Кунио.

Претходно овој месец, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Хамас и Израел се согласиле за првата фаза од неговиот мировен план за Газа.

Палестинската група и Израел потпишаа договор за прекин на огнот. Владата во Тел Авив го одобри мировниот договор, а израелските сили почнаа да се повлекуваат од Газа.

Исто така, стана јасно дека Хамас нема да учествува во последователната администрација на Газа.

Најнови вести од: Свет

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

To top