Свет

Папа Лав: Црквата нема да го смени ставот кон бракот и ЛГДП

Папата роден во Америка, избран пред четири месеци, има поинаков став од неговиот претходник,  папата Франциск, чии обиди да ја отвори Црквата кон модерното време ги налутија традиционалистите

 

Во интервју со американската новинарка Елиз Ан Ален за книгата „Папа Лав XIV: Глобален граѓанин, мисионер на 21 век“, првиот човек на Католичката црква вели дека ја дели желбата на неговиот претходник, Франциско, да ги прими сите во Црквата, „но јас не поканувам некого затоа што има специфичен идентитет или не“, објави Франс прес.

Неговиот претходник, папата Франциско, кој почина во април на 88-годишна возраст, даде бројни изјави во кои ги поздравува луѓето што традиционално се сметаат за „грешници“ во Црквата.

Но, Лео рече дека е „многу малку веројатно, сигурно во блиска иднина“, дека доктрината на црквата за сексуалноста или бракот ќе се промени.

„Мислам дека учењето на Црквата ќе продолжи какво што е“, е ставот на Лав кој беше избран за папа пред 4 месеци.

Одлуката на Франциско да дозволи благослов за истополови парови во многу ограничени околности предизвика реакција од конзервативците, особено во Африка и САД.

Лав- избран во време кога Црквата се соочуваше со сериозни внатрешни поделби – рече дека „секое прашање поврзано со ЛГБТ+ прашања е многу поларизирачко“, додавајќи:

„Се обидувам да не продолжам да поларизирам или охрабрувам поларизација во Црквата“.

Папата го прими американскиот свештеник Џејмс Мартин, еден од водечките застапници на геј католиците, на приватна аудиенција овој месец.

Но, Лав не им се обрати на околу 1.400 ЛГБТ+ католици кои дојдоа во Ватикан на поклонение.

Тој ја нагласи поддршката за „традиционалното семејство“, кое „е татко, мајка и деца“.

70-годишниот Лав, исто така, ги намали очекувањата за трнливото прашање за жените ѓакони, потенцијално историска реформа што Франциск ги охрабри католичките експерти да ја проучат.

„Во овој момент немам намера да го менувам учењето на Црквата на оваа тема“, рече Лав, но додаде дека е „сигурно подготвен да продолжи да ги слуша луѓето“.

Папата се осврна на еден од најголемите скандали што ја следат Католичката црква во последните децении – сексуалната злоупотреба на деца од страна на свештеници – но рече дека тоа нема да биде главен фокус на неговото папство.

Најнови вести од: Свет

ММФ предупредува: Конфликтот со Иран ја засилува инфлацијата и ги нарушува глобалните синџири на снабдување

Не е веќе прашање дали војната на Блискиот Исток ќе ја погоди светската економија, туку колку длабоко и колку долго. Најновата анализа на Меѓународниот монетарен фонд, објавена на 30 март и потпишана и од главниот економист Пјер-Оливие Гуринша, испраќа една јасна порака: ако кризата во Заливот продолжи да ги нарушува испораките на нафта, гас и ѓубрива, светот ќе се соочи со повисоки цени и побавен раст. Фондот предупредува дека шокот е глобален, но нема да биде еднакво распределен, најсилно ќе ги погоди земјите што зависат од увоз на енергија, сиромашните економии и државите со слаб фискален простор.

Рубио: НАТО ќе мора да се преиспита по војната со Иран

Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги критикуваше Шпанија и дел од другите сојузници во НАТО поради ограничената поддршка во војната против Иран, сугерирајќи дека Вашингтон по завршувањето на конфликтот можеби ќе ја преоцени својата улога во Алијансата.

Рубио за заканите од Иран: Тие се луди религиозни фанатици – Трамп ќе им го спречи сценариото за Хормускиот теснец!

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, ги коментираше растечките тензии со Иран, велејќи дека заканите на Техеран за трајна контрола на Хормускиот теснец и воведување систем за полнење нема да бидат толерирани. „Ова нема да биде дозволено“, рече Рубио, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп има голем број опции на располагање за да спречи такво сценарио.

To top