Свет

Петмина загинати во пукање во градот Штаде, во северниот дел на Германија

Пет лица загинаа денес при пукање во германскиот град Штаде во Долна Саксонија, соопшти полицијата. – Полицијата потврди дека се приведени двајца осомничени сторители, меѓу кои и наводниот напаѓач

Полицијата во Штаде преку нивниот канал на „ватсап“ информира дека пет лица се убиени, а неколкумина се повредени во вооружен напад што се случи во установа за социјална заштита на млади.

Од полицијата потврдија дека се приведени двајца осомничени сторители, меѓу кои и наводниот напаѓач.

Истрагата за причината и точниот редослед на настаните е во тек, посочи полицијата.

Најнови вести од: Свет

Русија изгуби сто пати повеќе војници во Украина отколку во Авганистан

Според податоците објавени од Генералштабот на вооружените сили на Украина на 9 септември, загубите во рускиот воен персонал од почетокот на целосната инвазија врз Украина надминаа 1,5 милиони загинати и ранети

To top