Во близина на познатото летувалиште Мармарис вчера се случила драматична морска несреќа кога туристички брод за дневно крстарење почнал да се полни со вода и на крајот потонал во близина на Рајскиот остров.
Бродот, познат под името „Big Boss“ (Големиоит шеф), превезувал вкупно 148 лица, меѓу кои 120 возрасни, 20 деца и 8 членови на екипажот. Според првичните информации, причината за навлегувањето на вода сè уште не е позната и се истражува.
Туристичлки брод , инаку тематска „пиратска“ едрилица која е исклучително популарна кај туристите, кој бил на еднодневно крстарење кога се случил сериозниот инцидент.
Според првите информации, десетици патници почнале да скокаат во морето во паника за да се спасат, а меѓу присутните на бродот имало и дваесетина деца . Видеата што се појавија на социјалните мрежи ги доловуваат драматичните моменти во кои бродот се гледа како опасно се навалува пред целосно да исчезне под површината на водата.
Веднаш беше започната голема спасувачка операција, во која учествуваа спасувачки екипи, како и приватни бродови што се нашле во близина. Турските власти објавија дека сите патници и членови на екипажот се безбедно евакуирани и префрлени на брегот , и дека, за среќа, нема жртви или сериозни повреди.
Во официјалното соопштение на гувернерот на регионот Мугла се наведува дека „екипите што пристигнале на местото на настанот ја координирале евакуацијата на граѓаните со помош на блиските пловила“ , истакнувајќи дека кај спасените туристи не се пронајдени здравствени проблеми.
Причината за потонувањето сè уште се истражува. Сепак, неколку патници тврдат дека на потонувањето му претходел пожар во моторниот дел на бродот , кој наводно предизвикал навлегување на вода, што на крајот довело до катастрофата.
Еден британски турист, кој беше меѓу спасените, го опиша шокантното искуство велејќи: „Среќен сум што излегов оттаму и што сум жив“.
Инцидентот предизвика големо внимание во јавноста откако на социјалните мрежи се појавија аматерски видеоснимки од самата несреќа.
На драматичните кадри јасно се гледаат моментите на паника каде што големиот туристички брод опасно се наведнува на едната страна, пред за неколку минути целосно да исчезне под површината на водата:
🇹🇷: Tourist Boat Carrying 110 People Sinks Off Marmaris Coast; All Evacuated Safely
A tourist boat on a daily tour sank in Akvaryum Bay near Marmaris, southwestern Turkey (Muğla province), after suddenly taking on water due to a technical malfunction.
All 110 passengers and… pic.twitter.com/SyV1i4AhvT
— World In Last 24hr (@world24x7hr) May 29, 2026