Свет

Предупредувања за токсичен дожд во Техеран по израелските напади

Апокалиптични сцени се појавија над Техеран откако израелски ракети погодија повеќе нафтени постројки

Апокалиптични сцени се појавија над Техеран откако израелски ракети погодија повеќе нафтени постројки околу иранската престолнина. Густ црн чад го покри градот, а властите предупредија на опасност од „токсичен дожд“.

Речиси десет милиони жители на Техеран се разбудиле под густ црн чад, а извештаите од терен наведуваат дека дождовницата е измешана со нафта и саѓи.

Во серијата напади биле погодени најмалку пет рафинерии и складишта за нафта во Техеран и во покраината Алборз. Според локалните извештаи, загинале најмалку четири лица, а повеќе се повреден.

„Можно е да врне токсичен дожд кој може да предизвика хемиски изгореници на кожата и оштетување на белите дробови“, ги предупреди жителите Иранската Црвена полумесечина.

Во соопштението се вели граѓаните на Техеран да не ги напуштаат домовите.

Граѓаните се повикани веднаш даобараат засолниште под бетонски или метални покриви ако се најдат на отворено. Секој што бил изложен на дождот треба веднаш да ја исплакне кожата со ладна проточна вода и да ја смени облеката.

Професорот од Универзитетот во Техеран, Фуад Изади, изјави дека околу пладне локално време небото над градот изгледало како ноќ поради густите облаци чад.

На видеа објавени на социјалните мрежи се гледаат огромни пожари во нафтените постројки и густи црни облаци над градот.

Според сведоштва на жители, нафта од погодените постројки протекла во дел од канализацискиот систем, по кој течеле „реки од оган“.

Најнови вести од: Свет

ММФ предупредува: Конфликтот со Иран ја засилува инфлацијата и ги нарушува глобалните синџири на снабдување

Не е веќе прашање дали војната на Блискиот Исток ќе ја погоди светската економија, туку колку длабоко и колку долго. Најновата анализа на Меѓународниот монетарен фонд, објавена на 30 март и потпишана и од главниот економист Пјер-Оливие Гуринша, испраќа една јасна порака: ако кризата во Заливот продолжи да ги нарушува испораките на нафта, гас и ѓубрива, светот ќе се соочи со повисоки цени и побавен раст. Фондот предупредува дека шокот е глобален, но нема да биде еднакво распределен, најсилно ќе ги погоди земјите што зависат од увоз на енергија, сиромашните економии и државите со слаб фискален простор.

Рубио: НАТО ќе мора да се преиспита по војната со Иран

Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги критикуваше Шпанија и дел од другите сојузници во НАТО поради ограничената поддршка во војната против Иран, сугерирајќи дека Вашингтон по завршувањето на конфликтот можеби ќе ја преоцени својата улога во Алијансата.

To top