Свет

Прозападниот Никушор Дан нов претседател на Романија

Благодарам, Ова е победа на луѓето кои веруваа дека Романија може да се промени во вистинската насока, изјави победникот на вчерашните избори и иден претседател на Романија, Никушор Дан. Лидерот на крајната десница, Георге Симион, му честиташе на Никушор Дан за неговата изборна победа, признавајќи дека „ова беше волја на народот“. Независниот кандидат Дан победи […]

Благодарам, Ова е победа на луѓето кои веруваа дека Романија може да се промени во вистинската насока, изјави победникот на вчерашните избори и иден претседател на Романија, Никушор Дан.

Лидерот на крајната десница, Георге Симион, му честиташе на Никушор Дан за неговата изборна победа, признавајќи дека „ова беше волја на народот“.

Независниот кандидат Дан победи со околу 54% од гласовите, а кандидатот на крајната десница Георге Симион со околу 46%, на одлучувачките претседателски избори во Романија кои ја потресоа и поларизираа земјата. Ова го објави „Еуроњуз“.

Романските медиуми ја опишаа победата на Никушор Дан како „спектакуларен пресврт“ поради водството од 20 процентни поени на неговиот противник, Симион, во првиот круг.

Земјата на источното крило на НАТО го избра проевропскиот и про НАТО кандидат со масовна излезност обележана со страв и незадоволство, со што го поништи водството на Симион во првиот круг.

Влоговите никогаш не биле поголеми во посткомунистичката историја на Романија, бидејќи Романците гласаа во одлучувачкиот и поларизиран втор круг од претседателските избори, во кој се соочија центристот Никушор Дан со националистот Георге Симион.

Излезноста на гласачите во Романија е 64,7%.

По победата на Дан, илјадници Романци излегоа на улиците на главниот град Букурешт за да слават. Некои од нив мавтаа знамињата на Романија и на Европската Унија, други носea маички со натпис „Не беше лесно, но Нику[ор победи“ и скандираа –  „Имаме претседател“.

Најнови вести од: Свет

Како Кина се подготвува за ризикот вештачката интелигенција да избега од човечка контрола?!

Нов технолошки судир меѓу Кина и САД: Во фокусот контролата врз вештачката интелигенција. Но до каде оди човештвото, што се може да се поремети?! Предупредувањата од Антропик“ истражувачите во водечкиот американски развивач на вештачка интелигенција, дека сè помоќните модели би можеле да избегаат од човечка контрола, па дури и да доведат до истребување на човечката раса, го привлекоа вниманието во Кина каде креаторите на политики се подготвуваат за некои од истите ризици, објави „Ројтерс“.

„Реформи“ на здравственото осигурување во Германија: поскапување на лековите, болничкиот престој и терапиите!

Во текот на следните две години, осигурениците во системот на задолжително здравствено осигурување (GKV) во Германија ќе се соочат со низа промени,  кои  веројатно ќе ги зголемат нивните лични трошоци за здравствена заштита.

To top