Свет

Путин ќе испраќа в затвор и лица под 14 години

Се изедначува одговорноста за саботажа со онаа предвидена во руското законодавство за терористички кривични дела

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се заострува кривичната одговорност за сторителите на диверзии

Сега, кривична одговорност за кривични дела поврзани со саботажни активности може да се бара и од млади мажи и жени кои наполниле 14 години.

Амандманите ја изедначуваат одговорноста за саботажа со онаа предвидена во руското законодавство за терористички кривични дела.

За таквите дела, кривичното гонење е предвидено од 14-годишна возраст, се исклучуваат условни казни, невозможност за казна под долната граница, условна слобода не порано од истекот на 75% од траењето на казната.

Законот стапи на сила од моментот кога беше потпишан од претседателот.

Најнови вести од: Свет

Речиси половина од Германците се за укинување на помошта за Украина

Дури 49 отсто, сакаат да се намали или целосно да се укине помошта за Украина, покажуваат резултатите од анкетата што денеска ги објави агенцијата за истражување на јавното мислење „Југов“, спроведена за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

To top