Свет

Путин: Русија е подготвена да му помогне на иранскиот народ

Русија презема мерки за давање помош на иранскиот народ на фонот на ескалацијата на Блискиот Исток, изјави рускиот претседател Владимир Путин на денешната средба во Москва со министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи. „Ние имаме долгорочни, добри и надежни односи со Иран. Од наша страна правиме напори за да му помогнеме на иранскиот […]

Русија презема мерки за давање помош на иранскиот народ на фонот на ескалацијата на Блискиот Исток, изјави рускиот претседател Владимир Путин на денешната средба во Москва со министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи.

„Ние имаме долгорочни, добри и надежни односи со Иран. Од наша страна правиме напори за да му помогнеме на иранскиот народ“, изјави Путин.

„Русија е на вистинската страна на историјата и на меѓународното право“, реплицира Аракчи, додавајќи дека Иран им благодари на руските пријатели за „решителната осуда на агресивните дејства“ против Исламската Република.

Путин разговараше по телефон и со ирачкиот премиер Мохамед ал Судани, при што беа разменети мислења за ситуацијата на Блискиот Исток, со акцент на нападите врз Иран од Израел и од САД.

За време на разговорот двајцата соговорници се договорија да содејствуваат за спроведувањето на првата руско-арапска средна на врвот во октомври, соопшти прес-службата на Кремљ.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

To top