Свет

Радев: Мислите ли дека Путин ќе ги отстапи Крим и другите области?

Светот се соочува со дилема – дали да се помири и да ги признае украинските територии окупирани од Русија, или да се брани меѓународното право, што би довело до Трета светска војна. Ова го изјавил во интервју за CNN бугарскиот претседател Румен Радев. Како што објави бугарски „Сега“ во ниту еден момент Радев не ја […]

Светот се соочува со дилема – дали да се помири и да ги признае украинските територии окупирани од Русија, или да се брани меѓународното право, што би довело до Трета светска војна.
Ова го изјавил во интервју за CNN бугарскиот претседател Румен Радев.

Како што објави бугарски „Сега“ во ниту еден момент Радев не ја осудил руската агресија и не го признава правото на Украина да се брани.

На прашањето како да се постигне прекин на огнот и мирно решение кое нема да биде од корист за руската агресија, Румен Радев уште еднаш нагласи дека меѓународната заедница „лета“ кон исклучително тешка политичка и морална дилема.

„Американците ја нарекуваат оваа војна „војна со чизми на копно““, рече претседателот, цитиран од неговиот прес-центар. Ова е битка за секој сантиметар територија, а најважниот фактор во неа не е оружјето, туку луѓето.

Спорд Радев проблемот е што се приближува моментот кога Украина може да остане без луѓе кои ќе се борат за неа.

„Од друга страна, дали мислите дека Русија некогаш ќе го отстапи Крим и другите области?“, праша претседателот, додавајќи дека има две опции.

Првата е да се помириме со фактот дека во 21 век териториите можат да бидат освоени со сила и да заборавиме на меѓународното право и Повелбата на ОН.

Другата е да испратиме трупи на НАТО да ја бранат Украина и да ја вратат Русија назад кон нејзините граници од 1991 година, што би значело трета светска војна со разорни, најверојатно нуклеарни последици.

„Ова е најголемата дилема“,оценил Радев.

Според шефот на бугарската држава, постојат три инструменти за влијание врз мировниот процес: војска, економски санкции и дипломатија, а целосниот потенцијал на дипломатијата сè уште не е мобилизиран.

Тој силно ги поддржува напорите на претседателот Трамп. „Верувам дека тој е прагматичен бизнисмен кој не го прифаќа уништувањето од која било војна, а моето разочарување е што претседателот Трамп сè уште не наоѓа доволно поддршка во Европската Унија за неговите мировни напори“, рече Румен Радев.

Тој додаде дека некои европски лидери одбиваат да ја прифатат реалноста на бојното поле, а тоа е исто така голем проблем.

Како одговор на прашањето за новите санкции што ЕУ ги воведе врз Русија поради војната во Украина, Румен Радев вели дека Кина има најголема корист од политиката на санкции против Русија, бидејќи има корист од евтините руски енергетски ресурси и пристапот до воени технологии.

Со повлекувањето на своите компании од Русија, ЕУ го отвори големиот руски пазар за компании од Кина, а според Радев, санкциите ги врзуваат Русија и Кина уште посилно.

Најнови вести од: Свет

Во Кина пробиена планина долга 22 километри и се изгради најдолгиот автопатски тунел!

Кина го пушти во употреба најдолгиот автопатски тунел во Азија, долг 22,13 километри, кој минува низ планините во покраината Гуиџоу. Тунелот „Тјаншан Шенгли“, со модерно осветлување и бетонска конструкција, веќе се смета за едно од најзначајните инженерски остварувања во регионот.

„Политико“: Пука обединетиот европски фронт против Трамп – се разоткриваат старите линии на внатрешниот расцеп во ЕУ

„Лидерите на ЕУ се подготвуваат за големи борби околу прашања, кои се движат од заеднички одбранбени проекти до економски реформи, но обидот за олабавување на зависноста на Европа од Америка на Доналд Трамп открива длабоки поделби меѓу 27-те земји на блокот. Обновената желба да се намали зависноста од Вашингтон ги исфрла на површина познатите несогласувања пред самитот на лидерите на ЕУ во четврток.“ – објави денес аналитичкиот портал за европски прашања „Политико“ од Брисел во анализата со наслов „Настојувањето на Европа да оди сама ги разоткрива старите линии на нејзиниот внатрешен расцеп и на грешките“.

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Десет лица се убиени, вклучувајќи го и напаѓачот, вчера, на 10 февруари, во оружен напад во средно училиште во градот Тамблер Риџ, во Британска Колумбија, во Канада. Во училиштето има 160 ученици од 7 до 12 одделение на возраст од 12-18 години. ‘Полицијата спречила оваа ужасна трагедија да стане уште полоша.’.  објавија властите. Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време.

Хрватска: Калуѓерката лажела дека била напднта со нож од мигрант

Обвинителството бара казна од 10 месеци затвор за калуѓерката Т.З. (35), условна казна од три години, откако е обвинета за лажно пријавување кривично дело, бидејќи поднела кривична пријава против непознат напаѓач иако самата нанела повреди со нож

Урсула фон дер Лајен пред ЕП: Спремна сум да напредувам дури и без согласност на сите 27 членки

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во обраќањето пред Европскиот парламент во Стразбур ја истакна потребата од итно поедноставување и интеграција на пазарот на капитал во Европската Унија, со цел да се намали фрагментацијата и да се зајакне конкурентноста на европските компании во глобалниот контекст.

Најмалку девет убиени и 25 ранети во масовно пукање во училиште во Канада

Осомничениот напаѓач бил пронајден мртов по „самонанесена повреда“, соопшти полицијата. Според неофицијални податоци се работи за жена со кафеава коса облечена во фустан

Осомничениот беше опишан како жена со кафеава коса облечена во фустан

Макрон: Европа треба да се подготви за понатамошни судири со САД, кој се стреми кон распад на ЕУ!

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европа треба да се подготви за понатамошни судири со САД и оти неодамнешниот „гренландски момент“ треба да се сфати како повик за будење за спроведување на долго одложуваните економски реформи и зајакнување на глобалната моќ на Европската унија. Макрон оцени дека администрацијата на Трамп е „отворено антиевропска“ и оти се стреми кон „распаѓање“ на ЕУ.

Најнови вести

To top