Свет

Рама: Не ми се верува како една шега станува светска вест

Оваа ситуација не беше ништо повеќе од момент на добар хумор меѓу луѓето кои, всушност, се меѓу најголемите обожаватели на претседателот Трамп“, напиша Рама на ‘Х’

Албанскиот премиер Еди реагираше на социјалната мрежа „X“ во врска со неговата шега на сметка на претседателот Доналд Трамп што ја сподели со француските колеги Емануел Макрон и Илхан Алиев.

Рама, за време на Самитот на Европската политичка заедница во Копенхаген, осврнувајќи се на грешката на Трамп, кој ги помеша Азербејџан и Албанија во врска со мировниот договор што беше постигнат со Ерменија му рече на Макрон:

„Треба да ни се извините што не ни честитавте за мировниот договор што претседателот Трамп го склучи со нас“

Макрон ја прифати шегата и низ смеа одговори „Жал ми е за тоа, момци“, што предизвика смеење.

Во врска со случајот, се огласи Рама:

„Навистина е неверојатно како функционираат денешните медиуми и како таканаречената „виралност“ може толку лесно да ја искриви реалноста. Реченица изговорена со добар хумор, во духот на пријателството, одеднаш станува светски наслов за целиот самит, додека сè друго, вистинската поента, станува ирелевантно.

Но да, беше забавно да бидам со мојот стар пријател Илхам Алиев и, во присуство на нашиот драг заеднички пријател Емануел Макрон, да го споменам лапсусот на претседателот Трамп дека дури и Албанија успеа да склучи мир со Азербејџан, додека самиот Емануел работеше неуморно, долго време, за да воспостави мир меѓу Азербејџан и Ерменија“, напиша Рама.

„Лесна забелешка, пријателски момент. Секако, нема проблем ако се шири, но извртувањето во политички отров е едноставно неправедно. Затоа, да разјасниме сè:

Вистина е дека претседателот Трамп се покажа како лидер кој го врати зборот „мир“ во вокабуларот на Западот по многу години. И да, за извонредно кратко време тој постигна мир таму каде што другите се обидоа, но не успеаја, и тој продолжува неуморно да се стреми кон него.

Оваа ситуација не беше ништо повеќе од момент на добар хумор меѓу луѓето кои, всушност, се меѓу најголемите обожаватели на претседателот Трамп“, додаде Рама.

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

To top