Свет

Рама се пошегува на сметка на Трамп, Макрон се изнасмеа (ВИДЕО)

Трамп во август во интервју за „Фокс њуз“ се фалеше дека сопрел 7 потенцијални војни во светот и притоа направи гаф, зборувајќи за конфликтот меѓу меѓу Ерменија и Азербејџан околу Нагорно-Карабах кој заврши со потпишување мир во Белата куќа.

Трамп во август во интервју за „Фокс њуз“ се фалеше дека сопрел 7 потенцијални војни во светот и притоа направи гаф, зборувајќи за конфликтот меѓу меѓу Ерменија и Азербејџан околу Нагорно-Карабах кој заврши со потпишување мир во Белата куќа.

Некогаш вистината доаѓа во облик на шега, особено кога доаѓа од устата на Еди Рама. Албанскиот премиер со насмевка и препознатлива доза иронија на самитот во Копенхаген ги потсети претседателите на Азербејџан и на Франција на моментот кога Трамп ги помешал Ерменија и Албанија:

– Мора да ни се извините што не ни честитавте за мировниот договор што Трамп го објави меѓу Албанија и Азербејџан.

Откако ја слушна оваа „забелешка“, Макрон се насмеа и се извини, а Еди Рама му рече „во ред е“, а и целата толпа се смееше.

https://x.com/nexta_tv/status/1973674114985361816

Најнови вести од: Свет

Како Кина се подготвува за ризикот вештачката интелигенција да избега од човечка контрола?!

Нов технолошки судир меѓу Кина и САД: Во фокусот контролата врз вештачката интелигенција. Но до каде оди човештвото, што се може да се поремети?! Предупредувањата од Антропик“ истражувачите во водечкиот американски развивач на вештачка интелигенција, дека сè помоќните модели би можеле да избегаат од човечка контрола, па дури и да доведат до истребување на човечката раса, го привлекоа вниманието во Кина каде креаторите на политики се подготвуваат за некои од истите ризици, објави „Ројтерс“.

„Реформи“ на здравственото осигурување во Германија: поскапување на лековите, болничкиот престој и терапиите!

Во текот на следните две години, осигурениците во системот на задолжително здравствено осигурување (GKV) во Германија ќе се соочат со низа промени,  кои  веројатно ќе ги зголемат нивните лични трошоци за здравствена заштита.

Денес избори во Шведска, на кои е можно да се случи победа и историски влез на крајната десница во владата

Граѓаните на Шведска денеска гласаат на парламентарните избори, на кои левиот и десниот блок влегуваат речиси целосно израмнети со разлика од само 0,3 отсто, а исходот би можел да го донесе првиот историски влез на крајнодесничарските Шведски демократи во владата.

To top