Свет

Руска делегација оди во Истанбул, но не кажуваат кој ќе биде во неа

Руската делегација ќе ги чека украинските претставници во Истанбул, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков. „Нашата делегација ќе биде таму и ќе ја чека украинската страна“, изјави портпаролот на Кремљ за телевизијата „Росија 1“. Тој не го откри составот на преговарачката група од руска страна, ниту пак го прецизираше времето на почетокот на состанокот. […]

Руската делегација ќе ги чека украинските претставници во Истанбул, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

„Нашата делегација ќе биде таму и ќе ја чека украинската страна“, изјави портпаролот на Кремљ за телевизијата „Росија 1“.

Тој не го откри составот на преговарачката група од руска страна, ниту пак го прецизираше времето на почетокот на состанокот.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска најави дека очекува со него на преговарачката маса да седне рускиот претседател Владимир Путин.

Преговорите се очекува да се одржат во четврток.

Најнови вести од: Свет

Футуристички пиштол без звук и чад: Кина ја откри новата електромагнетна технологија

Кина официјално го претстави компактното електромагнетно оружје во облик на пиштол, кое е способно да ги онеспособи целите без смртоносна сила кога е потребно, или да ослободи значително поголема моќност доколку ситуацијата го бара тоа.

Светско предупредување: Војната ја турка инфлацијата кон 7%?!

Шефицата на ММФ се осврна и на фискалната политика, предупредувајќи дека владите мора да бидат внимателни да не ја комплицираат дополнително работата на централните банки со своите потези. Претставниците на ММФ, рече таа, веќе работат со поединечни влади на пакети за фискална поддршка кои треба да бидат привремени и јасно временски ограничени.

To top