Свет

САД: Кој ќе се потсмева на смртта на Чарли Кирк – губи виза

Соединетите Американски Држави планираат да преземат строги мерки против странците кои на кој било начин ја величаат, оправдуваат или исмејуваат смртта на политичкиот активист Чарли Кирк. Оваа одлука денес ја објави заменик-државниот секретар на САД, Крис Ландау.

САД планираат да ги поништат визите за странците кои го слават или се потсмеваат на убиството на политичкиот активист Чарли Кирк. Заменик-државниот секретар Крис Ландау вели дека насилството и омразата не се добредојдени во земјата.

Соединетите Американски Држави планираат да преземат строги мерки против странците кои на кој било начин ја величаат, оправдуваат или исмејуваат смртта на политичкиот активист Чарли Кирк. Оваа одлука денес ја објави заменик-државниот секретар на САД, Крис Ландау.

Ланду нагласи дека мерките би можеле дури и да вклучуваат откажување на визите за луѓето кои се однесуваат вака. Американската администрација претходно беше ригорозна во одземањето на визите, особено за студентите поврзани со протестите против војната во Газа. „Во светлината на ужасното убиство на истакнат политички лидер, сакам јасно да ставам до знаење дека странците кои го величаат насилството и шират омраза не се добредојдени во нашата земја“, рече Ланду во објава на неговиот официјален X профил.

Заменик-државниот секретар додаде дека на неговите конзуларни службеници им е наредено да ги следат коментарите и објавите на странците за да ги идентификуваат оние кои го слават или го толерираат убиството. „Слободно известете ми за ваквите коментари за Стејт департментот да може да преземе соодветни мерки за заштита на американскиот народ“, рече Ланду.

Во еден од дополнителните коментари, Ланду рече дека доколку се открие идентитетот на лицето кое објавува содржина во која се слави нападот, визата на тоа лице ќе биде веднаш одземена, иако се сомнева дека лицето воопшто има виза. Во последниве денови, Ланду почна на шега да се нарекува себеси „Ел Китависа“, што на шпански значи „поништувач на виза“.

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

To top