Свет

САД воведе 50 отсто царини за Индија

По Кина, Индија е најголемиот купувач на нафта на Русија. Од нападот врз Украина на почетокот на 2022 година, уделот на руската нафта во индискиот увоз се зголеми од два процента – на речиси 36 проценти минатата година.

Претседателот Доналд Трамп наметна царини од 50 отсто на индиските производи за да ја казни земјата поради купувањето руска нафта, нарушувајќи ја децениската заложба на Вашингтон за поблиски односи со Њу Делхи.

Од 27.08.2025 во сила се нови царини за многу индиски производи што се испорачуваат во САД. Наместо 25%, како досега, царините од денеска се двојно повисоки – 50%. Оваа царинска стапка е една од највисоките што американската влада им ги наметна на своите трговски партнери. Претседателот Доналд Трамп тврди дека сака да ја казни Индија за нејзиниот континуиран увоз на нафта од Русија.

Трамп ја воведува ваквата т.н. секундарна санкција во врска со дипломатските напори за постигнување мировен договор во Украина. Русија ја финансисра својата војна против Украина, меѓу другото, и со извоз на енергенти.

Царините од 50 проценти не важат за целиот увоз од Индија. Меѓу другото, постојат исклучоци за фармацевтски производи и компјутерски чипови. Трамп објави дека ќе воведе посебни царини за овие производи низ целиот свет во наредните месеци.

За увозот од Индија во САД веќе три недели е во сила казнена царина од 25 проценти. Кон средината на август, индискиот премиер Нарендра Моди ја објави својата намера да ја направи својата земја енергетски понезависна.

По Кина, Индија е најголемиот купувач на нафта на Русија. Од нападот врз Украина на почетокот на 2022 година, уделот на руската нафта во индискиот увоз се зголеми од два процента – на речиси 36 проценти минатата година. За Њу Делхи, ова е помалку политичка, а повеќе прагматична одлука: земјите од Заливот произведуваат првенствено за Европа, која пак веќе речиси и не купува од Русија – Москва останува снабдувач на Индија.

Најнови вести од: Свет

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

To top