Свет

Се уште нема информации за исчезнатиот Македонец во пожарот во Кран Монтана

Се уште не е пронајден исчезнатиот млад Македонец Стивен Ивановски, за кого семејството вчера објави дека бил на прослава во Кран Монтана во барот во кој што избувна пожар.

Се уште не е пронајден исчезнатиот млад Македонец Стивен Ивановски, за кого семејството вчера објави дека бил на прослава во Кран Монтана во барот во кој што избувна пожар. Семејството апелираше до сите кои можеби го виделе Стивен или располагаат со каква било информација за неговото движење, како и до оние кои имаат сознанија дали бил примен во болниците во Женева или Цирих, веднаш да се јават на следните телефонски броеви: 076 415 0868, 076 385 7165 и 078 229 5745.

Неговите блиски на социјалните мрежи информираа дека во кобната ноќ бил облечен во бели панталони и бел дуксер, како што се гледа и на објавените фотографии. Постои можност со себе да ги имал и препознатливите очила за сонце што ги носи на фотографиите.

Инаку синоќа Швајцарија прогласи петдневна жалост по пожарот што го зафати популарниот бар во скијачкиот центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ, во кој загинаа повеќе од 40 лица, а 115 беа повредени, додека граѓаните им оддаваат почит на жртвите, а истрагата и идентификацијата на жртвите продолжуваат.

Според италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, бројот на жртви се проценува на 47. Тој рече дека бил во контакт со швајцарските власти во текот на целиот ден.

Во студената ноќ во Кран-Монтана, стотици луѓе се собраа во тишина синоќа, положувајќи свеќи и цвеќе пред барот „Констелејшн“ во спомен на жртвите од ужасниот пожар, објавува швајцарскиот весник „Темп“.

Весникот наведува дека повредените се хоспитализирани во болници во Швајцарија, а некои се префрлени во здравствени установи во Милано, Париз, Лион и Штутгарт, додека истрагата и идентификацијата на жртвите продолжуваат денеска. Телата на жртвите се толку лошо изгорени што швајцарските власти велат дека може да потрае со денови за да се идентификуваат.

Швајцарскиот претседател Гај Пармелин го опиша пожарот од синоќа како еден од најтрагичните настани во историјата на земјата и рече дека Швајцарија има должност да обезбеди таква трагедија никогаш повеќе да не се случи, објавува Гардијан.

Несреќата се случила за време на новогодишните прослави, а барот „Констелејшн“ бил полн со млади луѓе, вклучувајќи туристи од други европски земји.

Речиси 20 тинејџери и млади луѓе се тешко повредени во пожарот, изјави синоќа Клер Шарме, директорка на Универзитетската болница во Лозана.

Според неа, најмалку 22 од тешко повредените во пожарот се на возраст меѓу 16 и 26 години, објавува Скај њуз.

Тие биле однесени со хеликоптер во Универзитетската болница во Лозана, еден од само двата медицински центри во Швајцарија кои лекуваат тешки изгореници, во близина на Цирих.

„Повеќето од жртвите имаат изгореници што покриваат повеќе од 20 проценти од нивните тела“, рече Шарме. Нивното закрепнување, додаде таа, ќе трае со недели, „ако не и со месеци“.

Според очевидци, пожарот избувнал околу 1:30 часот по полноќ кога шишиња шампањ биле фрлени кон барот со распрскувачи и ракети, предизвикувајќи експлозија која брзо го зафатила таванот и околниот простор.

Пожарот брзо се проширил и зафатил цел подрум, каде што престојувале многу млади луѓе, вклучувајќи и тинејџери. Сведоците велат дека луѓето се обиделе да избегаат во паника, но биле заробени од тесните скалишта.

Пожарот предизвикал огромна паника и ужасни сцени, а службите за итни случаи и пожарникарите пристигнале на местото на настанот во рекордно време. Медицински работници ги превезле повредените во болниците во Сион, Женева, Лозана и Цирих. Некои преживеани претрпеле тешки изгореници и повреди на белите дробови, а шест лица се во критична состојба.

Иако причината за пожарот сè уште не е целосно утврдена, истрагата е во тек.

Најнови вести од: Свет

(Видео): Руски дрон го погоди Северниот мост во Киев додека по него се движеа автомобили

Украинските власти подготвуваат алтернативни начини за поврзување на двата брега на Киев во случај мостовите преку Днепар да бидат оштетени во руските напади. Планот вклучува понтонски премини и насипи, а на подолг рок се разгледува и можноста за изградба на тунел под реката. Целта е, во случај на оштетување или затворање на постоечките мостови, да се овозможи непречено поврзување на левиот и десниот брег на Киев.

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top