Свет

Сијарто: Кога Грција и Бугарија ја блокираа Македонија не беше проблем

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја обвини Европската унија за двојни стандарди во проширувањето

facebook.com/szijjarto.peter.official

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја обвини Европската унија за двојни стандарди во проширувањето, наведувајќи дека земји-членки како Грција и Бугарија со години ги блокираат процесите кон Македонија и Србија без да бидат обвинети за поткопување на единството на Унијата. Во интервју за РТС, Сијарто посочи дека, спротивно на тоа, Унгарија е мета на критики кога ќе го искористи правото на вето за Украина.

„Дали тогаш некој ги обвини тие земји за поткопување на европското единство? Секако не,“ изјави Сијарто, додавајќи дека секогаш кога Унгарија ќе го искористи правото на вето „стануваме жртва на политички напади“

Најнови вести од: Свет

Министерот Муцунски денеска во Париз

Во рамки на посетата, ќе оствари средби со министерот за Европа на Француската Република, Бенџамин Адад, како и со Бертран Бушвалтер, советник за континентална Европа и Турција на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон

To top