Свет

Скандал со „жешки снимки“ ја тресе црногорската АНБ, поднесени две оставки по објавени материјали од државната секретарка Мирјана Пајковиќ!

Експлицитни снимки од приватен карактер доведоа до две оставки, меѓусебни обвинувања за кражба, закани и уцени, додека црногорската Агенција за безбедност и обвинителството се оградуваат од случајот. Експлицитни фотографии и снимки од секретарка во министерство отворија афера во Црна Гора. Поранешниот шеф на тајната служба АНБ тврди дека неговиот мобилен телефон бил злоупотребен, додека материјалите се проширија во јавноста.

Поранешниот директор на АНБ и поранешен советник за безбедност на претседателот, Дејан Вукшиќ, и државната секретарка во Министерството за човекови и малцински права, Мирјана Пајковиќ, поднесоа оставки по објавувањето на 18 експлицитни видеоснимки. И двајцата наведоа лични причини и тврдат дека се жртви во случајот, додека Агенција за национална безбедност јавно се дистанцира од каква било поврзаност со аферата.

Вукшиќ тврди дека клучот на целиот случај е кражбата на неговиот мобилен телефон во октомври 2024 година. Според него, телефонот бил нелегално земен од Пајковиќ и подоцна злоупотребен. – Ги отфрлам сите неточни и тенденциозни обвинувања. Првпат ги видов овие содржини дури кога почнаа нелегално да циркулираат на социјалните мрежи – соопшти Вукшиќ.

Тој нагласи дека не учествувал ниту во создавање, ниту во дистрибуција на видеоснимките, додавајќи дека со кражбата му била грубо нарушена приватноста. Во јавноста се појави и аудиоснимка на која, според Пајковиќ, Вукшиќ ѝ се заканува. Тој признава дека разговорот постоел, но тврди дека бил реакција на кражбата и злоупотребата на неговиот телефон. – Зборовите што ѝ ги упатив беа непосредна реакција на кражбата и не можат да бидат доказ за кривично дело – наведе тој.

Вукшиќ тврди дека повикот бил направен од фиксен телефон во кабинетот на претседателот Јаков Милатовиќ, а аудиото подоцна било објавено селективно и со временско задоцнување од повеќе од една година.

Најнови вести од: Свет

Би-Би-СИ: Трамп оствари делумна победа, но по која цена

Многу американски цели остануваат сомнителни, како што е судбината на иранскиот збогатен ураниум. Иран, исто така, продолжува да има влијание врз регионалните сојузници, како што се бунтовниците Хути во Јемен. Дури и ако Техеран целосно го отвори Ормускиот теснец, неговата способност да ја контролира таа клучна точка сега е појасна од кога било.

To top