Свет

Снежна бура на Монт Еверест: 1.000 луѓе заробени во Тибет(ФОТО)

Околу 1.000 луѓе се заробени во базните логори на источната, тибетска страна на Монт Еверест

AFP/Tsering Pemba Sherpa

Околу 1.000 луѓе се заробени во базните логори на источната, тибетска страна на Монт Еверест поради силна снежна бура што ги направи патиштата непроодни, а спасувачките операции се во тек за нивно извлекување.

Кинеските медиуми известуваат дека стотици локални жители и екипи работат на отстранување на снегот на над 4.900 метри надморска висина, а некои патници веќе се префрлени од планината. Снежните наноси започнаа во петокот и продолжија вчера, што доведе до стопирање на дистрибуцијата на карти и влезот во туристичката зона Еверест, според Туристичката компанија на округот Тингри.

https://x.com/JordyHalo80/status/1974838723301810262

Од спротивната страна, во Непал, обилните дождови предизвикаа свлечишта и поплави што ги затворија патиштата, срушија мостови и однесоа најмалку 47 животи, дополнително комплицирајќи го пристапот до планината.

Најнови вести од: Свет

(Видео): Пожарникарите објавија шокантни снимки од центарот на пожарот во Омиш

Нови жаришта на хрватското приморје додека повредени се борат за живот по пожарот кај Омиш. Пожарот изгоре околу 900 хектари, едно лице загина, а седум се борат за живот. Бројни згради беа оштетени и уништени, а десетици луѓе беа повредени.

To top