Свет

Сопругата на Доналд Трамп, Меланија, не сакала да спие со нејзиниот сопруг – барала друга соба во замокот Виндзор

Според британските медиуми, тимот на Трамп го прегледал апартманот и одлучил дека кралската постелнина „не е доволно добра“, па испратиле своја. Еден дворјанин иронично прокоментирал дека Трамп „не сакал да ги уништи кралските чаршафи со трагите од неговата крема за самопотемнување“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и неговата сопруга Меланија допатуваа во официјална посета на Велика Британија, каде, според извори од британското кралско семејство, ќе престојуваат во одвоени апартмани во замокот Виндзор.

Според пишувањето на Дејли мејл, двојката побарала повеќе приватност за време на престојот и дури нарачале постелнина која била донесена од САД. Виндзор, инаку, има повеќе од 1.000 простории – вклучувајќи државни сали, приватни апартмани, капели и канцеларии – па простор нема да им недостига.

Во британската јавност веднаш се појавија шеги за „специјалната соба на Меланија“, но експертот за кралското семејство, Аластер Брус, појасни дека на главните гости во Виндзор најчесто им се доделува апартман со брачен и одвоен кревет, така што би можеле да бидат заедно – доколку сакале.

Шпекулациите за нивната брачна дистанца траат со месеци – Меланија најчесто живее во Њујорк, додека Трамп ја обликува Белата куќа според својата визија. Одвоени спални, сепак, не се ништо ново во британското кралско семејство – кралицата Елизабета Втора и принцот Филип исто така спиеле одвоено, додека кралот Чарлс и кралицата Камила живеат дури и во одвоени резиденции.

Според британските медиуми, тимот на Трамп го прегледал апартманот и одлучил дека кралската постелнина „не е доволно добра“, па испратиле своја. Еден дворјанин иронично прокоментирал дека Трамп „не сакал да ги уништи кралските чаршафи со трагите од неговата крема за самопотемнување“.

Новинарот Мајкл Волф претходно изјави дека Доналд и Меланија „во суштина се разделени“ и живеат одвоени животи, а Белата куќа остро го нападна поради тоа, нарекувајќи го измамник и лажго.

„Њујорк Тајмс“ во мај објави дека Меланија често исчезнува од јавноста со недели, престојувајќи во своите станови во Њујорк или на Флорида, иако официјални лица тврдат дека е почесто во Белата куќа отколку што јавноста мисли.

Британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила денеска го пречекаа Трамп пред замокот Виндзор. Американскиот претседател беше пречекан со почесна гарда, а потоа заедно со кралот ги поздрави војниците додека се интонираа химните на САД и Велика Британија.

Потоа, Трамп и Чарлс со сопругите се упатија со кралска кочија кон замокот, каде им беше приреден свечен ручек. Трамп пристигна со хеликоптер од резиденцијата на американскиот амбасадор во Лондон, а на слетувањето го пречекаа принцот и принцезата од Велс, Вилијам и Кејт.

Ова е прва официјална посета на Трамп на Велика Британија во неговиот втор претседателски мандат.

Најнови вести од: Свет

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви

„Додека Украина го прави ова, нашиот непријател ги крши нашите основни интереси“, рече Орбан и истакна дека, доколку не беа руската нафта и гас, Унгарија ќе мораше да плаќа неколку пати повисоки цени од сегашните“

Македонското знаме се развеа на ЗОИ 26 во Италија: оптимизам во МОК и меѓу нашите олимпијци за добри резултати од настапите (Видео)

Четворица спортисти ја претставуваат Република Македонија на Зимските олимписки игри 2026 во Италија. Јана Атанасовска е најмладата македонска натпреварувачка и рекордерка во алпско скијање. Ставре Јада е најискусен член на македонскиот олимписки тим, кому ова му е трето учество на Зимски олимписки игри, по настапите на Олимпијадата во 2018 година во Пјонг Чанг, во Јужна Кореја, и на Олимпијадата во 2022 година во Пекинг, во Кина. По настапот на претходната Олимпијада во Пекинг Ана Цветановска повторно ќе ја претставува Македонија во истите нордиски дисциплини. Четвртиот наш натпреварувач е Виктор Петков, кој последен влезе во државниот олимписки тим. Честа да го носат македонското државно знаме на вчерашната официјалната церемонија на отворањето на ЗОИ 2026 ја имаа Атанасовска и Јада.

80-годишен Италијанец под сомнение за учество во „снајперски туризам“ во Сараево

Покренувањето на истрагата во ноември 2025 година предизвика реакции кај преживеаните од опсадата и нивните семејства, кои изразија надеж дека ќе се утврдат одговорностите и ќе се изведат пред правдата лицата вклучени во овие наводни злосторства, дури и по три децении.

To top