Свет

Советници на Трамп сакаат Израел прв да го нападне Иран (ВИДЕО)

Ако Израелците нападнат први и сами, а Иранците возвратат, тоа отвора повеќе причини САД да преземат акција

 

Високи советници на претседателот Доналд Трамп се за тоа Израел да го нападне Иран пред САД да започнат напади врз Исламската Република.

Повикувајќи се на две лица запознаени со дискусиите, Политико објави дека анонимни претставници на администрацијата веруваат дека израелскиот напад би предизвикал иранска одмазда, што би помогнало да се изгради јавна поддршка за американска воена офанзива.

„Постои верување во и околу администрацијата дека политичкиот процес би бил многу подобар ако Израелците нападнат први и сами, а Иранците возвратат, што ни дава повеќе причини да преземеме акција“, рече еден од изворите цитирани во извештајот.

И двата извори изјавија за Политико дека заедничка американско-израелска операција би била можен тек на дејствување, без оглед на тоа дали Израел ќе нападне прв, при што еден вели дека иако разговорите со Иранците се сериозни, оние најблиски до Трамп веруваат дека „ние ќе ги бомбардираме“.

„Ако станува збор за напад од таков обем што би можел да доведе до промена на режимот, Иран веројатно ќе возврати со сè што има.

 

Најнови вести од: Свет

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

To top