Свет

Според CBS: Заробувањето на Мадуро било договорено

Настанот претставува еден од најдраматичните пресврти во венецуелската криза во последните децении и отвора сериозни прашања за идниот политички поредок во земјата, но и за последиците врз регионалната и глобалната безбедност.

Според извори на американската телевизиска мрежа CBS News, венецуелскиот претседател Николас Мадуро бил заробен рано изутрината од припадници на Delta Force, елитната специјална единица на американската армија.

Американски официјални претставници, кои зборувале под услов на анонимност, потврдиле дека токму Delta Force ја спровела операцијата за приведување на Мадуро, во рамки на пошироката воена акција на САД во Венецуела. Станува збор за истата специјална единица која во 2019 година ја предводеше операцијата во која беше ликвидиран поранешниот лидер на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади.

Во меѓувреме, извори од венецуелската опозиција за Sky News изјавиле дека постои уверување оти приведувањето на Мадуро било резултат на „договорено заминување“, а не класична воена елиминација. Според тие тврдења, операцијата била изведена со минимален отпор, што дополнително ги засилува шпекулациите за претходен договор меѓу дел од внатрешните структури и странските актери.

Американските власти засега официјално не соопштуваат детали за локацијата каде се наоѓа Мадуро, ниту за правниот статус под кој ќе биде третиран, додека Белата куќа и Пентагон сè уште немаат издадено формално соопштение.

Настанот претставува еден од најдраматичните пресврти во венецуелската криза во последните децении и отвора сериозни прашања за идниот политички поредок во земјата, но и за последиците врз регионалната и глобалната безбедност.

Најнови вести од: Свет

Нови проценки од „Голдман Сакс“ – Дали следува поевтина нафта?!

Според новите проценки, причините за намалување на прогнозата се поврзани со очекувањата за послаба економска активност во одредени региони, како и со стабилизирање на снабдувањето на пазарот. Дополнително, геополитичките фактори, како и одлуките на големите производители на нафта, продолжуваат да имаат силно влијание врз цените.

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

To top