Свет

Суд во САД ги „сосече“ царините на Трамп

Федерален суд на САД го блокираше стапувањето во сила на царините што ги воведе претседателот Доналд Трамп за она што тој го нарече „Ден на ослободувањето“, објави Ројтерс. Во пресудата се вели дека претседателот ги пречекорил своите овластувања со воведување на генерални царини за увоз од земји што продаваат повеќе во САД отколку што купуваат. […]

Федерален суд на САД го блокираше стапувањето во сила на царините што ги воведе претседателот Доналд Трамп за она што тој го нарече „Ден на ослободувањето“, објави Ројтерс.

Во пресудата се вели дека претседателот ги пречекорил своите овластувања со воведување на генерални царини за увоз од земји што продаваат повеќе во САД отколку што купуваат.

Судот за меѓународна трговија со седиште во Менхетен рече дека Уставот на САД му дава на Конгресот ексклузивно овластување да ја регулира трговијата со други земји, кое не е поништено од вонредните овластувања на претседателот за заштита на американската економија.

Тужбата, поднесена од непартискиот Центар за правда на „Либерти“ во име на пет мали американски бизниси што увезуваат стоки од земји што подлежат на царините, беше првиот голем правен предизвик.

Судот посочи дека може да има исклучоци за компании или сектори кои го преместуваат производството во Соединетите Американски Држави

Компаниите – кои се движат од увозник на вино и жестоки пијалоци со седиште во Њујорк до производител на едукативни комплети и музички инструменти со седиште во Вирџинија – рекоа дека царините ќе им наштетат на можноста за водење бизнис.

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

To top