Свет

Трамп би сакал да ја посети Газа

„Ја познавам толку добро, иако никогаш не сум бил таму“, вели американскиот претседател

 

 

На новинарско прашање дали би сакал да ја посети Газа, Трамп рече дека тоа би му било чест.

„Ја познавам толку добро, иако никогаш не сум бил таму“, рече тој. „Би сакал да го направам тоа, би сакал барем да стапнам на таа земја“.

Тој додаде дека верува оти во наредните децении ќе се случи „големо чудо“, но дека процесот мора да биде постепен.

„Ако сè оди премногу брзо, нема да биде добро. Мора да се оди со вистинско темпо, не можете да брзате“, рече Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го прими Претседателскиот медал на честа, највисокото цивилно одликување на израелската влада, објави канцеларијата на израелскиот претседател Исак Херцог.

Медалот се доделува како признание за напорите на Трамп да ослободи 48 заложници што ги држеше Хамас, од кои се верува дека 20 се живи.

Претседателот Херцог ќе го информира Трамп за ова за време на нивниот состанок во парламентот подоцна денес.

Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи во наредните месеци.

Вачингтон пост неодамна објави дека Трамп наводно имал план Газа да стане „Блискоисточна ривиера“.

Најнови вести од: Свет

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

To top