Свет

Трамп: Индија ќе купува нафта од Венецуела наместо од Иран

Аналитичарите ги оценуваат вчерашните изјави како знак за континуирано подобрување на односите меѓу САД и Индија, кои беа затегнати во текот на изминатата година поради руската нафта и царините.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека Индија ќе продолжи да купува нафта од Венецуела, наместо од Иран, и дека концептот на таков договор веќе е постигнат.

„Веќе го постигнавме тој договор, концептот на договорот“, рече Трамп пред новинарите во авионот „Ер Форс Уан“, додека патуваше од Вашингтон кон својот имот во Флорида.

Според извори запознаени со прашањето, САД му соопштиле на Њу Делхи дека Индија наскоро би можела да го обнови увозот на венецуелска нафта, со цел да се ограничи рускиот извоз на нафта и да се намали финансирањето на воените активности на Москва.

Индија во последните години стана еден од најголемите купувачи на руска нафта (по ценовните попусти по инвазијата врз Украина во 2022), додека увозот од Иран беше минимален поради американските санкции. Сега, Трамп ја промовира венецуелската нафта како алтернатива.

Во август 2025 Трамп ги удвои царините за увоз од Индија на 50% за да изврши притисок врз Њу Делхи да го намали увозот на руска нафта.

Претходно овој месец тој предупреди дека царините би можеле дополнително да се зголемат.

Во јануари 2026 министерот за финансии Скот Бесент сигнализираше дека дополнителната царина од 25% на индиската стока би можела да се укине поради „наглото намалување“ на увозот на руска нафта.

Во март 2025 Трамп воведе царина од 25% за земјите што купуваат венецуелска нафта (вклучително Индија), но сега САД делумно ги укинаа санкциите кон венецуелската нафтена индустрија за да им олеснат на американските компании да продаваат венецуелска сурова нафта.

Трамп додаде дека и Кина би можела да постигне договор со САД за купување венецуелска нафта.

„Кина е добредојдена и би можела да постигне одличен договор за нафта“, рече тој, без да прецизира детали.

Аналитичарите ги оценуваат вчерашните изјави како знак за континуирано подобрување на односите меѓу САД и Индија, кои беа затегнати во текот на изминатата година поради руската нафта и царините.

Најнови вести од: Свет

САД и Израел го нападнаа Иранскиот Курдистан. Повеќе од 100 убиени, 969 ранети

Курдите се домородно етничко малцинство од месопотамскиот регион, распространето главно низ југоисточна Турција, североисточна Сирија, полуавтономниот курдски регион во северен Ирак, северозападен Иран и југозападна Ерменија. Тие имаат свој јазик и култура, но немаат држава

Ирански камиказе дронови запалија големо пристаниште за нафта во Емиратите (ВИДЕО)

Нападот доаѓа откако Иранската револуционерна гарда соопшти дека американските интереси во Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи пристаништа, докови и воени објекти, станале легитимни цели

To top