Свет

Трамп: Колумбија е многу болна , но не за долго

Американскиот претседател Доналд Трамп утрово се закани со воена интервенција против колумбиската влада, велејќи дека идејата „му звучи добро“

 

„Колумбија е многу болна, ја води болен човек кој сака да произведува кокаин и да го извезува во Соединетите Држави… нема да функционира уште долго“, им рече Трамп на новинарите на AIF Force One, осврнувајќи се на колумбискиот претседател Густаво Педро.

На директно прашање дали САД ќе започнат воена операција против Колумбија, Трамп одговори: „Тоа ми звучи добро“.

Тој исто така рече дека Куба, близок сојузник на Венецуела, „изгледа како да е подготвена да падне“ сама без воена акција на САД.
Неговите коментари дојдоа откако САД го уапсија венецуелскиот претседател Николас Мадуро и го префрлија во Њујорк каде што е обвинет за трговија со дрога.

Трамп рече дека САД би можеле да започнат втор напад врз Венецуела ако членовите на неговата влада не соработуваат. Тој додаде дека би сакал да соработува со остатоците од режимот на Мадуро во борбата против трговијата со дрога и во обновата на нафтената индустрија отколку на брзи избори за нова влада.

Најнови вести од: Свет

Трамп бара одговор што не доаѓа: Зошто Иран се уште не падна на колена?

Вечерва, кога рокот ќе истече, светот конечно ќе дознае што се случува кога на тоа прашање сѐ уште нема одговор – и дали таа тишина ќе донесе примирје, ново одлагање, привидна победа или, пак, најжестокиот удар досега.

Втора сесија Стратешки дијалог САД-Македонија во Вашингтон

Со одржувањето на втората сесија од Стратешкиот дијалог се потврдува континуитетот на сојузништвото меѓу двете земји и заедничката посветеност кон унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот и пошироко

To top